Навивачката група „Комити“ вчера преку протестен марш побара правда за нивниот починат член Никола Саздовски. Протестот започна на плоштадот во Автокоманда и продолжи пред Јавното обвинителство и со план да продолжи пред Министерството за внатрешни работи.
Полицијата не дозволи да се приближат до МВР, на што демонстрантите одговорија дека не се дојдени да прават проблеми туку да бараат правда, а од институциите да си ја вршат професионално работата и да ги најдат сторителите на убиството на Саздовски.
[envira-gallery id=”72849″]
Таткото на Саздовски побара правдата да излезе на виделина, без местенки и манипулации. Отецот Ивица Тодоров, пред ОЈО побара соодветни казни за повеќе да нема пролеана крв на млади луѓе по улиците.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека третото лице е познато и дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.
Б. Јордановска
Фотографии: Кирил Попов (kolektif.mk)