• Latest

Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи во рудникот Иловица – Штука

July 21, 2018
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи во рудникот Иловица – Штука

July 21, 2018 19:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на Претседателот на Владата на Република Македонија, синоќа во Струмица се одржа консултативна средба за Проектот за развој на рудникот за бакар и злато Иловица – Штука, објави владината прес-служба. 

Консултативна средба за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука, Струмица, 20 јули 2018

Во четиричасовната дискусија со која претседаваше премиерот Заев, учествуваа владини претставници од ресорните министерства и институции, градоначалници и претставници на засегнатите локални самоуправи, претставници на локалните заедници, граѓански организации и здруженија, технички експерти, претставници на ЕБОР и на компанијата – носител на проектот, „Еуромакс“, како и други засегнати страни.

Во текот на дебатата беа презентирани аргументи и студии од сите страни и се соочуваа ставови со цел меѓусебно разбирање и наоѓање решенија.

Премиерот Зоран Заев на Консултативната средба за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука, Сгтрумица, 20 јули 2018

Премиерот Заев и претставниците на Владата на РМ со целосна почит и внимание ги ислушаа аргументите на граѓаните и нивните јасно артикулирани ставови, и со исто внимание ги ислушаа презентираните факти на експертите, како и на претставниците на компанијата кои зборуваа за посветеноста и за преземените мерки за заштита на животната среднина и за здравјето на граѓаните.

Беше поздравена одлуката на граѓанските организации да се вклучат во дијалогот и да ги вкрстат ставовите односно да ја искажат загриженоста за здравјето и животната средина во која живеат, но и спремноста да сослушаат ставови различни од нивните. Заеднички беше констатирано дека само преку искрен и отворен дијалог може да се стигне до решенија кои се конструктивни и ќе го унапредат регионот.

Во рамки на дискусијата беше поздравена и одлуката на „Еуромакс“ да ги отстрани цијанидот и сулфурната киселина од процесите, во интерес на заштита на животната средина и со цел отстранување на грижите  на локалното население во регионот.

Со внимание беа разгледани и економските параметри кои покажуваат дека оваа инвестиција и работата на рудникот ќе учествува со 3% од БДП во Македонија, и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно, со отворање на 500 директни и 2700 индиректни вработувања за граѓаните од овој регион.

На консултативната средба, премиерот Заев изнесе неколку заклучоци кои беа поздравени од присутните, меѓу кои тоа дека сите засегнати страни имаат заедничка цел, да се отстранат ризиците и стравовите поврзани со животната средина и здравјето на граѓаните.

Следните чекори ќе бидат заеднички, преку континуирана дискусија и дијалог, при што компанијата ќе биде посветена да испорача гаранција за заштита на здравјето на локалното население, а Владата ќе биде тука да врши контрола низ процесите што се во нејзина надлежност.

Меѓу заедничките заклучоци од состанокот е и најавата дека ќе се формира независно мониторинг тело што ќе врши проверка на секој следен чекор низ претстојните фази.

Консултативната средба на претставниците на Владата на Република Македонија, градоначалниците и претставниците на локалните самоуправи, претставници на граѓански организации и здруженија, технички експерти, како и претставници на компанијата носител на Проектот за развој на рудникот за бакар и злато Иловица – Штука,  „Еуромакс“, имаше за цел да ги вкрсти ставовите, да се зголеми довербата меѓу засегнатите страни, до изнаоѓање на најдобро решение прифатливо за сите засегнати страни.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ