• Latest

22 јули низ вековите

July 22, 2018
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

22 јули низ вековите

July 22, 2018 09:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

356 п.н.е.- Во градот Пела, Егејска Македонија, е роден Александар Македонски (син на македонскиот император Филип Втори и на Олимпија), една од најпознатите личности на стариот век, војсководец и државник, кој од малечката Македонија создал светска сила. Го поразил огромното персиско царство и во својот поход стигнал се до Индија. Умрел во Вавилон, на 13 јуни 323 г.п.н.е.

1784.- Роден е германскиот астроном и математичар Фридрих Вилхелм Бесел, основач и прв директор на Кенигбершката опсерваторија. Врз основа на геодетски пресметки извел нови податоци за формата и димензиите на Земјата. Усовршил и неколку математички методи во астрономијата.

1812.- Во битката кај Саламанка, во Шпанија, британската војска под команда на војводата Велингтон, ја поразила француската војска со која командувал Наполеоновиот маршал Мармон.

1888.- Роден е американскиот микробиолог Селман Ејбрахам Ваксман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1952 година. Наградата ја добил за пронаоѓањето на стрептомицинот, првиот антибиотик кој успешно ја сузбивал туберкулозата. Тој го пронашол и неомининот и ја напишал автобиографијата „Мојот живот со микробите“.

1908.- Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободија сите затвореници.

1933.- Во Велес е роден Борис Поп Ѓорчев, со 25 награди, најтрофеен македонски новинар. Во „Нова Македонија“ работел од 1953 година. Во периодот 1975-1980 бил постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Москва. По катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година бил член на мобилната екипа на „Нова Македонија“ која во наредните две недели, во Приштина, без прекин го продолжила излегувањето на најстариот македонски весник. Во ноември истата година бил еден од основачите на вториот македонски весник „Вечер“ каде бил заменик на главниот и одговорен уредник. Борис Поп Ѓорчев спаѓа во потесниот круг на основоположниците и први активисти на пливачкиот маратон во Македонија. Тој е еден од луѓето кој во 1962 година ја оствари идејата за одржување на Охридскиот пливачки маратон и наедно се избори за ова традиционално натпреварување да добие статус на светско првенство на слатки води, напоредно со светското првенство Капри – Неапол (Италија) кое стана светско првенство на солена вода. Починал на 25 јануари 2016 година.

1933.- Американскиот авијатичар Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка.

1944.- Создадена била првата народна власт во Полска. Овој ден се прославува како државен празник на НР Полска.

1947.- Во Скопје, со фузионирањето на спортските друштва „Македонија“ и „Победа“ било формирано спортското друштво „Вардар“.

1948.- Во Скопје, со одлука на Владата на Народна Република Македонија, бил основан Институт за национална историја.

1972.- Советската вселенска сонда „Венера 8“ е првата која меко се спуштила на површината на Венера од каде 10 минути емитувала податоци, пред да и согорат инструментите.

1981.- Турскиот терорист Мехмед Али Агџа бил осуден на доживотен затвор поради обидот да го убие поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори на 13 мај 1981 година.

1992.- Најголемиот колумбиски шверцер на дрога Пабло Ескобар избега од затвор.

2000.- Во Пакистан бил симнат од власт премиерот Наваз Шариф. Тој бил осуден на 14 години тешка работа откако судот го прифатил обвинението за корупција и му изрекол забрана да се занимава со политика 21 година.

2003.- Американските трупи во нападот на вилата во Мосул во северен Ирак ги убиле Удај и Кусај, синови на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Кусај бил шеф на ирачките специјални сили за безбедност и на тајната полиција за личното обезбедување на неговиот татко, а Удај бил командант на парамилитантните елитни единици.

2011.- Сликарот-реалист Лусијен Фројд, еден од најпочитуваните британски ликовни уметници, починал во Лондон, во 88-та година од животот. Лусијен Фројд бил внук на основачот на модерната психо-анализа Сигмунд Фројд. Роден бил во Берлин, во 1922 година, но во 1933 година, на почетокот од нацизмот во Германија, пребегнал со своите родители во Велика Британија, кога имал само десет години. Од 1939 година, тој станал британски државјанин. Фројд е најмногу познат по сликањето актови, неговата слика на гола жена, која се одмора на софа, во 2008 година била продадена на една аукција за 33,5 милиони долари, што е рекордна цена за слика на еден жив уметник. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ