• Latest

Мајка и четри деца од Србија притворени во затворениот центар за мигранти во Брисел

August 15, 2018

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мајка и четри деца од Србија притворени во затворениот центар за мигранти во Брисел

August 15, 2018 11:32
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Првпат после години Белгија повторно одлучи да притвора деца и семејства во затворениот центар за мигранти „127 бис“, кој се наоѓа во близина на бриселскиот аеродром.

Првото семејство „сместено“ овде е од Србија, станува збор за четири деца помеѓу една и шест години, со мајка им, кои од вчера се наоѓаат во овој затворен центар, во исчекување на рапатриација, јави дописничката на МИА од Брисел.

И покрај повиците на Комисаријатот за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) и повеќе пресуди на Европскиот суд за човекови права, Белгија после години реактивира правна одредба која и овозможува да притвора деца и семејства во затворени центри.

Од 1 август белгиската Влада почна да обезбедува „семејни ќелии“ во затворениот центри каде ќе можат да бидат задржани деца. Реакциите на граѓанските организации се бурни. Амнести Интернешнл изјави дека „деца никогаш не се затвораат“, додека пак УНХЦР, потсети дека оваа пракса е спротивна на Меѓународната Конвенција за правата на децата.

– Децата, посебно оние кои доаѓаат од друга земја во потрага по меѓународна заштита, се екстремно кревки и имаат специфични потреби. Треба да ги третираме пред се како деца, а не како странци во нередовна ситуацијата, изјави Вероник Робер задолжена за Западна Европа во УНХЦР пред два дена.

Семејството кое од вчера се наоѓа во центарот „127 бис“ се четири деца и мајка од Србија, кои од 2013 се во нерегуларна имиграциска ситуација на белгиска територија, наведуваат белгиските власти.

Двапати биле сместени во отворени центри од каде избегале, а според државниот секретар за азил, Тео Франкен, таткото бил „тежок криминалец“.

Но, активистите не се согласуваат. Ан Ловентал, позната белгиска активистка за права на мигрантите, вели дека таткото бил осуден за кражба и моментално е во затвор.

Децата имаат помеѓу една и шест години, што значи дека некои од нив никогаш не живееле во Србија.

– Станува збор за ромска фамилија од Србија, вели Ловентал, со ова белгиската држава ги напаѓа најкревките, оние за кои никој никогаш не се грижи и никој не ги сака. А тука станува збор за сама и целосна немоќна мајка, испратена во затворен центар со своите деца, пред да биде протерана назад во земја во која никогаш тие не стапнале, наведува активистката.

Таа, заедно со колективот „Нот ин мај нејм“ попладнево се собираат во центарот на Брисел да протестираат против затворањето на ова семејство и одлуката на белгиската Влада да реактивира законска одредба која трипати беше осудена од страна на Европскиот суд за човекови права.

Во 2009 година Белгија се откажа од овој Закон поради острите критики и судските одлуки, но новата белгиска Влада, во која државниот секретар за азил, Тео Франкен, доаѓа од десната популистичка партија НВА, ги заострува имиграциските политики. Франкен повеќепати изрази симпатии за политичари како италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, познат, меѓу другото, за своите антимиграциски ставови и антиромски политики.

Според Франкен причината за реактивирање на затворените центри е високата стапка на бегства. Но, ова не ги убеди ниту граѓанските организации ниту опозициските партии.

– Белгија беше лидер во развојот на алтернативи на затворањето деца, но сега загрижувачки оди назад. Идејата дека деца ќе бидат затворени зад решетки и под надзор на камери и чувари од имиграциски причини е неподнослива, изјави Филип Хенсманс, директор на ИА Белгија.

Законот дозволува затворање на децата до еден месец, според опозицијата овој рок е предолг и не би смеел да биде повеќе од неколку дена.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ