• Latest

Кампања на американски медиуми за слобода на печатот

August 16, 2018
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кампања на американски медиуми за слобода на печатот

August 16, 2018 10:01
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Над 300 американски медиуми денеска започнаа кампања за слобода на печатот, како реакција на нападите врз новинарите од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Кампањата ја иницираше бостонскиот весник „Бостон Глоуб“, кој минатата недела ги повика американските медиуми да објават уреднички коментари со критика на „валканата војна“ на Трамп против медиумските организации и новинарите, со употреба на хаштагот #EnemyOfNone (Ничиј непријател).

Трамп досега во повеќе наврати ги квалификуваше медиумите како „лажни вести“ и ги напаѓаше новинарите како „непријатели на народот“.

Во својот денешен уреднички коментар под наслов „Новинарите не се непријатели“, „Бостон Глоуб“ наведува дека слободата на печатот е суштина на американскиот принцип повеќе од 200 години, при што нападите на Администрацијата во Вашингтон врз медиумите ги оценува како многу опасни.

– Големината на Америка зависи од способноста на слободниот печат да им ја кажува вистината на одговорните. На печатот да му се лепи етикета на непријател на народот е неамерикански и е опасно за граѓанскиот принцип, оценува „Бостон Глоуб“ .

трамп ЕПА

Весникот „Канзас Сити Стар“ ги изедначува нападите на Трамп врз медиумите со задушувањето на критичарите од страна на Сталин.

– Насекаде во светот секое нешто за кое одреден висок функционер не сака да зборува или за кое читателот не сака да слуша, денес се квалификува како лажна вест, оценува весникот во својот коментар.

Солидарност со американските медиуми изрази и британскиот весник „Гардијан“, кој во својот коментар оценува дека Трамп е првиот претседател кој „води смислена и конзистентна политика на поткопување, делигитимирање, па дури и загрозување на работата на медиумите“.

– Слободата на медиумите не е измислена во САД, но има само малку држави во кои значењето на независниот печат имаше толкаво големо влијание во историјата како што беше случај во оваа земја. Славната американска традиција на почитување и говорење на вистината денеска е загрозена, оценува „Гардијан“ во својот коментар.

„Бостон Глоуб“ минатата недела апелираше до уредниците на американските весници на 16 август да објават уреднички коментари со кои ќе „пружат координиран одговор на валканата војна против слободата на медиумите“ што ја води Трамп.

Уредничките колегиуми треба да застанат во одбрана на слободата на медиумите независно од нивниот генерален став кон политиката на американскиот претседател, наведе бостонскиот весник. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ