• Latest

Трите круга на Макрон за Европа и Западен Балкан

August 16, 2018
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Трите круга на Макрон за Европа и Западен Балкан

August 16, 2018 10:03
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Емануел Макрон претседателот на Франција, една од највлијателните земји-членки во ЕУ, неодамна излезе со идеја за Европа во три круга, која подразбира пред се реорганизација на Унијата со засилена економска, политичка и одбранбена поврзаност и визија за идната соработка со останатите држави од европскиот континент, вклучувајќи ги и Русија и Турција.

Според неговата замисла, Европа за 15 години би била организирана во три круга на држави со различен степен на интеграција. Проширувањето на ЕУ со нови членки, според шефот на Француската Република, треба да се случи откако Унијата ќе зајакне, при тоа тој не спомна пристапување на нови држави.

Ова е практично разработка на концептот што Макрон првпат го претстави во неговиот говор на Универзитетот Сорбона, во септември минатата година, а јавно го изложи за време на неговата посета на Португалија, како прва точка од неговата турнеја посветена на појаснување и придобивање сојузници за оваа идеја.

За тоа што стои зад идејата и како нејзината евентуална реализација би се одразила на евроинтеграциите на Македонија во изјава за МИА своите ставови ги споделија амбасадорот Ѓорѓи Филипов и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Филипов смета дека „Европа во три круга”  е  личен нацрт-план на претседателот Емануел Макрон, што претставува една визија за зацврстување на ЕУ (што секако ѝ треба), но кој сѐ уште нема јасна структура (освен визионерските „три круга”) и претставува пресметан потег на Макрон за зајакнување на неговата лична позиција во претстојното преструктурирање на Унијата.

Ѓорги Филипов

 

– Веројатно постои некаква начелна согласност и од вториот дел од осовината „Париз-Берлин”, но деталите не се познати, а колку што следам, никој од останатите членки на ЕУ (кои би биле во првиот круг) досега не се изјанил по оваа визија на Макрон, искажана при неговата посета на Португалија. Тука ја вбројувам и канцеларката Ангела Меркел, која, пак, го иницираше проектот „Берлински процес”, што нуди перспектива за земјите од Западен Балкан, што временски е поприфатлива. Според она што се случува со Брегзит и по изборот на Доналд Трамп за претсетател на САД, очигледно е дека на ЕУ ѝ треба реформа со крајна цел зајакнување на структурата, воведување една валута, постоење на „федерално Министерство за финансии, Министерство за одбрана и Министерство за надворешни работи, но и Министерство или барем Европско федерално биро за внатрешни работи, оценува амбасадорот Филипов.

Според Муслиу, Макроновата идеја како проект за реорганизација на ЕУ е реално потребен, бидејќи, вели, глобалните односи се сменети и денес имаме повеќе сериозни глобални играчи, посочувајќи на Кина, Индија и Бразил.

– Тоа се сериозни глобални играчи чија економија е компететивна во светот. Кина не е веќе 20. или 30. држава во светот според БДП за да може да ја игнорирате. Потоа Бразил има, исто така, галопирачка економија. Тука е и Русија која е глобална економија и воена сила. Истото важи и за Кина и за Индија. Потоа имаме регионални играчи како што е една Турција. Во овие светски околности реално ЕУ со овој начин на организирање и на одлучување како поминува времето станува некомпетитивна. Значи таа не е главниот фактор и играч на светската сцена. Мислам дека тоа е и идејата која стои зад проектот на Макрон – ЕУ со економскиот, па и со воениот капацитет што го има, подобро да се позиционира во светската политика, вели Муслиу.

Македонија во круговите на Макрон или во проектот на Меркел

Во однос на тоа каде би се нашле Македонија и Западниот Балкан во таа новообликувана идна Европа во три круга и Филипов и Муслиу се оптимисти дека концептот нема да влијае врз интеграцијата на Македонија и останатите земји од Западен Балкан кои се во фаза на преговори со ЕУ.

Филипов, кој е поранешен македонски амбасадор во Германија, е дециден дека канцеларката Меркел ќе истрае на реализација на проектот „Берлински процес” и дел од земјите на Западен Балкан ќе имаат можност да влезат во ЕУ до 2025 година.

– За тоа ќе бидат потребни јасни реформи, намалување на корупцијата до најниско можно ниво, зајакнување на функционирањето на правните и особено судските системи, изразено преку нивно ефикасно дејствување во пракса, зајакнување на финансиските и економските параметри, како и практично покажување на подготвеност за регионална соработка на сите полиња. Сметам дека во одредување на новата насока на создавање силна Европа со нагласување на европските вредности претседателот Макрон и канцеларката Меркел ќе направат компромис, па Западниот Балкан нема да претставува некоја голема пречка за „длабочинското зајакнување”  на ЕУ, а Македонија, Србија и Црна Гора би биле некаде на кружната линија од вториот круг на Макрон, подвлекува Филипов.

Муслиу, пак, вели дека Македонија е земја кандидат и како и со законските норми ние сме опфатени со стариот модел на проширување.

Рамковен 3 Алберт Муслиу

– Не верувам дека на кого било, па ни на Франција, ниту на Германија, ниту би им одговарало ние да останеме надвор од ЕУ, ниту би им пречело во целата таа програма на Европа во три круга ние да се зачлениме. Затоа што реално и како економија и како држава сме премали за да можеме некако да го изместиме тој процес во погрешен правец, па дури и целиот регион кој има кандидатски статус – Србија, Албанија, Македонија, е речиси колку половина Романија, да не зборувам за другите поголеми земји членки. Така што, не верувам дека реално ова би влијаело на нашите евроатлантски интеграции затоа што тоа би се косело со сите препораки и предупредувања што може да се случи во регионот ако други светски играчи почнат да навлегуваат посериозно на овој терен, смета Муслиу.

Тој појаснува дека независно од тоа што се случи во Европскиот совет каде нашите евроинтеграциски перспективи не беа доведени во прашање, туку  беа ставени под прашање нашите капацитети да ги завршиме обврските, не очекува дека ова воопшто би влијаело на нашите европски интегративни процеси.

– Останува на нас да си ги завршиме нашите обврски. Јас мислам дека имаме и добра волја и интерес во ЕУ, а тука имаме и силна поддршка од Американците да станеме членка не само на НАТО, туку и на ЕУ. Со НАТО се минимизираат шансите военоразузнавачки да влезат други играчи. Со членство во ЕУ се бетонира тој надворешен ѕид на ЕУ и какви било  сериозни влијанија тогаш би биле оневозможени, подвлекува аналитичарот Муслиу.

Идејата за Европа во три круга на Макрон доаѓа во пресрет на Брегзитот (излегувањето на Велика Британија од ЕУ) и изборите за Европскиот парламент кои треба да се случат респективно во март, односно мај, идната година, разногласијата меѓу земјите околу миграциската политика, како и сомневањата околу поддршката на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД по изборот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Виолета Геров за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ