• Latest

Таравари: Како општина сме опструирани на секаков можен начин

August 29, 2018
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Таравари: Како општина сме опструирани на секаков можен начин

August 29, 2018 14:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, за европските вредности, демократските реформи, зелените алтернативи и подготвенста на локално ниво да се развиваат и промовираат со помош на локалната самоуправа.

ЦИВИЛ Медиа: Колку општина Гостивар е подготвена да ги промовира и практикува европските вредности?

Таравари: Искрено, далеку сме од европските вредности но се обидуваме колку што можеме преку проекти, со оние малку ресурси коишто ги имаме во општината, каде што и сме конкурирале со конкретни работи. Секогаш овие проекти многу зависат и од соработката на локалната и централната власт. Особено кога станува збор за еколошките проекти многу е важно да знаете колку поддршка имате и од Министерството за животна средина.

Во конкретниот случај, во Гостивар, за жал, не постои некоја комуникација, односно не постои никаква комуникација со Министерството за екологија, така што се обидуваме нешто да направиме сами, онолку колку што можеме.

ЦИВИЛ Медиа: Неодамна во интервју за ЦИВИЛ Медиа заменик министерот од Министерството за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули изјави дека колку и да вложува Министерството труд, сепак, многу работи зависат од локалната самоуправа, а не се тие коишто ја кочат туку општините. Од друга страна, пак, вие велите дека Министерството воопшто не ви излегува во пресрет.

Таравари: Јас би сакал да ви илустрирам преку неколку примери што зависи од нас, а што зависи од централната власт. На пример, Гостивар порано се промовираше како европски град, но ние сме далеку од европски град. Зошто го велам тоа? Затоа што овие девет месеци колку што сум градоначалник на Гостивар, најмалку во шест села започнавме со работа на канализација. Значи замислете шест села во гостиварско коишто имаат жители околу 20 до 30 илјади жители немаат канализација за фекални води. И тоа се комплетно проекти коишто ги изведува општина Гостивар со својот буџет без никаква помош од централната власт.

Потоа, за водоснабдувањето, има места, населби и села коишто немаат вода, односно не се поврзани со централното водоснабдување. И таму проектот е на општината. Единствено нешто коешто е одземено од општината, а коешто јас како бивш кандидат за градоначалник го ветив беше Русино, којашто е регионална депонија на Полошкиот регион, за којашто веќе ингеренциите се земени од централната власт. Иако тука кај мене во канцеларијата досега се дојдени преку 20 делегации на различни инвеститори коишто се заинтересирани да инвестираат во општина Гостивар, во таа депонија. Но, од централната власт немаме никаков одговор.

Јас како градоначалник ветив и во кампањата минатата година дека ќе поставиме мерач за загадувањето на воздухот и искрено не сме како Тетово и Скопје, но дефинитивно сме загаден град.

Значи да резимирам сите проекти коишто се во надлежност на општината се веќе започнати и се работи на нив, а она што е на централната власт, а тоа е депонијата, процесот е во стагнација. За жал, тоа не е случај само во Гостивар, проблем се дивите депонии низ цела Македонија.

ЦИВИЛ Медиа: Можете да кажете дека граѓанките и граѓаните имаат развиена еколошка свест?

Таравари: За жал, немаат свесност да ја чуваат животната средина… Сега планираме да направиме кампања со рекламен материјал дека треба да ја сочуваме животната средина. Веќе нарачавме плус дополнителни контејнери што планираме да ги ставиме во места што недостасуваат… Ќе треба да се работи многу на овој процес…

ЦИВИЛ Медиа: Дали буџетот на општината дозволува успешно да се спроведат проектите?

Таравари: За жал, ние сѐ уште немаме Совет на Општина Гостивар и сме опструирани на секаков можен начин… Иако на крај се работи за граѓаните на Гостивар… Тие граѓани не се на Таравари, ниту на СДСМ или Алијансата, тоа се граѓани на оваа држава што редовно плаќаат даноци на државата како и сите други. Затоа треба да се третираат подеднакво кој е градоначалник. Меѓутоа се повторува тоа што беше во минатото. Тие што не мислат како централната власт тие мора да се казнуваат… Ова е реалноста во Гостивар…

ЦИВИЛ Медиа: Како ќе се изборите со оваа ситуација кои се вашите планови?

Таравари: Ако се земат предвид проектите што се спроведени, не сакам да се фалам, меѓутоа нема општина што има асфалтирано повеќе за овие 9 месеци и што има направено канализации и водоснабдување. Со сите пречки и опструкции, но народот го знае тоа. Знае дека нешто се прави намерно и дека ова што се случува не е коректно. Но, тука помагаат грантови од Светска банка, Агенцијата за развој на Швајцарија, од Европска Унија… тие гледаат дека ни прават опструкции…

ЦИВИЛ Медиа:   Дали на Гостивар му фали зеленило и како се справувате со дивоградбите?

Таравари: Секако дека фали, но инвестираме онолку колку што можеме во зеленилото. Диво градење имало и уште има, но мислам дека во овој период најмалку во споредба со последните 28 години… Можеби отворивме повеќе фронтови со „урбаната мафија“, но без разлика на пречките ќе одиме без разлика дали одредени луѓе ни се лутат… почнавме со рушење на објектите, ќе продолжиме…

Биљана Јордановска

Обработка на текст: Маја Ивановска

Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ