• Latest

Политички препукувања во Грција за документот од Викиликс за името

September 4, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Политички препукувања во Грција за документот од Викиликс за името

September 4, 2018 09:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Документ од Викиликс, од американската амбасада во Скопје со датум 29 јули 2008 објавен во грчкиот весник „Прото тема“ во кој тогашната амбасадорка на САД во Македонија Џилијан Миловановиќ објаснува кои позиции би биле прифатливи за македонската страна, се причина за препукувања меѓу лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Северна Македонија за името, македонски за јазикот и идентитетот биле, според документот, позициите на македонската страна во јули 2008.

Кој што барал и прифаќал пред 10 години и што е постигнато со Договорот од Преспа се главните теми во соопштенијата од Кирјакос Мицотакис и Никос Коѕијас, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателот на Нова демократија ја обвини актуелната грчка Влада дека „ги задоволила долгогодишните барања на Скопје“, а шефот на грчката дипломатија коментира дека Груевски се преправал дека сака решение.

Она што денеска беше откриено од Викиликс дека Скопје уште од 2008 бараше земјата да се нарече „Северна Македонија“, а жителите „Македонци“ кои говорат наводно „македонски“ јазик, го потврдува на најтрагичен начин, она што го истакнувам сите овие месеци. Дека господата Ципрас, Каменос и Коѕијас сакаа да го покажат, наводно како нивен успех мошне штетниот договор за Грција, бидејќи го задоволија сето она што со години го бараше Скопје, а го отфрлаа сите претходни влади, соопштува Кирјакос Мицотакис и уште еднаш повторува дека Нова демократија нема да го ратификува договорот.

На претседателот на најголемата грчка опозициска партија, експресно, преку соопштение му одговори министерот за надворешни работи на Грција, Коѕијас.

– Познато е дека господниот Груевски не сакаше никакво решение во прашањето за името. За да го прелаже меѓународниот фактор се преправаше дека неопходно прифаќа компромис. Никој не му веруваше. Освен, Мицотакис, кој отпосле поверува. Оваа претстава на Груевски ја наградува Нова демократија, со денешното соопштение, вели Никос Коѕијас.

„Прото тема“, кој следи антивладина политика, а доста често директно или индиректно се поставува против Договорот од Преспа, го објави доверливиот документ од Викиликс, во текстот под наслов „Веќе 10 години Скопјаните сакаа Северна Македонија, јазик и националност“ и коментар дека „Владата на Ципрас и го отстапи на ПЈРМ, сето она што го сакаа Скопјаните за јазикот, идентитетот и името на земјата како што се открива во документот од американската амбасада во Скопје со датум 29 јули 2008“. (МИА)

Tags: „Викиликс“Грцијапрепукувања
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ