• Latest

Џафери: МИА успеа да го достигне очекуваното ниво на професионалност

September 5, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: МИА успеа да го достигне очекуваното ниво на професионалност

September 5, 2018 09:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележувањето на 20-годишнината од работењето на Македонската информативна агенција (МИА), претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери даде свое видување за досегашната и идната соработка со Агенцијата. 

Талат Џафери

По 20-годишно постоење и професионално информирање какво е Вашето мислење за МИА и што очекувате од натамошната соработка?

–  Дозволете ми во овој момент да ја искористам можноста да го честитам 20-годишното постоење на МИА. Имајќи предвид дека Собранието е основач на Агенцијата и пред  кого одговара Агенцијата, мене ми е мило што можам да констатирам дека во овие 20 години Агенцијата успеа да се профилира во опусот на јавното информирање на граѓаните на едно задоволително ниво, во смисла на она што е професионалноста и етиката во професијана на информирањето на јавноста. Иако почетнички како и секоја институција се соочувала со проблеми додека се воспостави, среќен сум што Агенцијата успеа да го достигне очекуваното ниво на професионалност и со тоа да обезбеди соодветна комуникација меѓу институциите и Агенцијата, како и соодветно да биде информирана јавноста. Фактот што во овие 20 години нема демантирање на она што го пласира Агенцијата и фактот што вестите и информациите ги преземаат другите медиуми, покажува дека МИА достигнала професионално ниво , обезбедувајќи праведно и вистинско информирање на граѓаните и институциите, а со тоа не остава празнина кога станува збор за етичкиот однос кон професијата, да се биде новинар и новинска агенција.

Талат Џафери

Сметате ли дека рејтингот на МИА се движи во нагорна линија и дали сте задоволни од содржините кои ги нуди?

– Секако дека рејтингот на Агенцијата се движи во нагорна линија и мене ми е мило што е тоа така, имајќи предвид, како што кажав претходно, дека Собранието е основач. Во професионалниот и содржинскиот дел од работењето и информирањето не се чувствувам компетентен да ги толкувам содржините, но фактот, како што реков и претходно, дека сите вести и информации кои се пласираат до јавноста преку МИА, се преземаат како извор на информација од Агенцијата од другите институции, значи дека работата и содржински е квалитетна, па во таа смисла сметам дека Агенцијата е во ситуација да ги следи сите современи текови и промени, во смисла на технологијата и методологијата на општата комуникација со јавноста. Затоа верувам дека МИА ќе ја надоградува својата работа и ќе го задржи соодветниот квалитет кон содржините и односот кон професијата и обврските кои ги има.

Талат Џафери

Со каква порака би и го честитале јубилејот на МИА?

Единствена порака е да кажам ЧЕСТИТО, ЧЕСТИТО… Колку и да посакате и да има потреба во следните децении Агенцијата да опстои, да и служи на функцијата  за која е формирана и да се надоградите во сите аспекти  за се она што е примарна работа на Агенцијата. Честито уште еднаш.

Марсида Петрофски-Трајко

Фото/видео:

Фросина Насковиќ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ