• Latest

Македонија се сака со љубов, а не со омраза

September 7, 2018

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија се сака со љубов, а не со омраза

September 7, 2018 08:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните од сите етникуми се обединуваат околу референдумот на 30 септември, сакајќи што поскоро да ја видат својата татковина во ЕУ и НАТО. Тие своите ставови ги објавуваат на социјалните мрежи, организираат настани и учествуваат во нив.

Јасмин Реџепи

Секако дека има и такви кои не се сложуваат со нив и така се развиваат дебати на социјалните мрежи. Како и порано, така и сега, чести коментари и ставови од страна на “чистите”, “антички” Македонци кон граѓаните од другите етнички заедници се: “И вие ли? Македонија ви ја отвори вратата кога другите ве гонеа. Ова ли е благодарам?”, “Работи против македонскиот народ и државата што им дал престој и пристоен живот”, “Само Македонците имаат право да одлучуваат за името” и така натаму. Небаре Македонија е земја со касти и класи, каде едните имаат помалку права од другите. Сепак, Македонија е држава на сите нејзини граѓани и тие уживаат исти права и должности, без разлика на нивната етничка или верска припадност, вклучувајќи ги тука правото на глас и одлука за иднината на оваа земја.

Токму ваквите коментари се само излив на негативни емоции, говор на омраза, фрустации и покажување на елементарното непознавање и непочитување на Уставот кој им гарантира исти права на сите граѓани. Имајќи предвид дека истите не се во состојба да го разберат горе наведеното, ќе се обидам да симплифицирам на нивно ниво. Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, Власите, Србите и останатите не спомнати во Уставот, живеат во земјава покрај Македонците со векови. Тоа, нели, се спомнува и во Крушевскиот Манифест. Македонија, како една од централните територии на Балканот под османлиска власт, била крстопат на многу трговски каравани, а нашите градови, како Скопје, Битола и Солун, биле познати трговски центри. Луѓето се населувале каде што сакале. По падот на османлиското царство, Балканските војни и Првата Светска војна, дошло до поставувањето на нови граници на Балканот, таа територија е поделена меѓу соседите и започната насилна преселба на народите и асимилација на оние кои останале. По Втората Светска војна, во рамките на тогашната Југославија, вардарскиот дел на Македонија се стекнува со државност. Во рамките на таа федерација граѓаните живееле слободно и непречено мигрирале сходно своите потреби.

Од тие причини, по осамостојувањето на Македонија од Југославија, на оваа територија се нашле и дел од народите од другите републики. Тие како жители останале во оваа земја, а не се вратиле во своите републики бидејќи тука работеле, тука плаќале данок и допринесувале, тука им се родиле децата, тука имале добар живот со соседите, односно, немале друга татковина освен Македонија. Тие не бегале од никого и никој не ги примил од сожалување, туку тоа било и е нивно неприкосновено и со Устав загарантирано право. Ова и пред некоја година на телевизија го слушнав од новинарот Чилиманов упатено до тогашниот парламентарец Бишевац, односно, дека Бошњаците биле бегалци и некој ги примил во Македонија. Но такво нешто може да каже некој кој е плиток или сака на јавноста да и наметне плитко познавање на историјата. Гробот на босанската принцеза Катерина е на Гази Баба, стои таму пет века како физички историски доказ за она што го пишувам.

Иако моите родители се од други две различни републики, судбината ги довела тука, работеле тука, плаќале придонеси и даноци како и сите останати и повеќе години отколку што имаат ваквите плитки умови, па затоа никој нема право да оспори кое било право на кој било граѓанин припадник на друга етничка заедница. Македонија е наша, еднакво моја колку и твоја, Македонија се сака со љубов, а не со омраза, во Македонија се придонесува како во свој дом, да се краде Македонија е најголемото предавство, за иднината на Македонија се мисли, посакува и гласа како за иднината на своите деца!

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share53TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ