• Latest

Македонија освои сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика во Јапонија

September 7, 2018
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија освои сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика во Јапонија

September 7, 2018 12:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските средношколци освоија еден сребрен и еден бронзен медал на 30-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2018), која од 1-ви до 8-ми септември се одржува во Цукуба, Јапонија. 

Македонскиот тим на овој престижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци во светски рамки, е составен од учениците Владимир Максимовски, Мартин Динев, Андреј Величковски и Филип Михов, предводени од лидерите, м-р Весна Димитриевска и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Здружението на информатичарите на Македонија во денешното соопштение посочуваат дека во текот на изминативе десетина години нашите претставници на ИОИ континуирано постигнуваат одлични резултати, освојувајќи медали речиси секоја година. Успехот оваа година, се подвлекува, е уште позначаен заради освоениот сребрен медал, кој е втор ваков медал во историјата на македонски учества на оваа олимпијада.

На ИОИ 2018 учествуваат вкупно 335 ученици од 87 земји од целиот свет.

– Во ваква исклучително силна конкуренција, вториот сребрен медал во историјата за Македонија го освои Владимир Максимовски, додека бронзениот медал го освои Андреј Величковски. И останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Мартин Динев беше на дофат на освојување на бронзен медал, а од ова извонредно достигнување го делеа само десетина поени од можните 600, стои во соопштението.1 Јапонија наптревар информатика

Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, во последните години Македонија има резултати со кои може да се пофалат релативно мал број од земјите учеснички: освоени 2 сребрени и 16 бронзени медали, а особено земјите кои по големина се колку нашата.

ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите кои се членки на ИОИ заедницата. Во речиси 90 држави од светот секоја година се организираат национални натпревари во програмирање. На овие натпревари учествуваат вкупно околу 250 000 ученици, сите со единствена желба, да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, проф. д-р Миле Јованов, здружението неуморно работи на промоција на натпреварите и информатиката како наука, селекција на најдобрите натпреварувачи и нивна подготовка за екстремно напредните содржини кои се дел од олимпијадата. (МИА)

Share256Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ