• Latest

Тодоров го маскирал Села во полицаец, а Шекеринска во докторка за да ги извлече од Собрание

September 7, 2018
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тодоров го маскирал Села во полицаец, а Шекеринска во докторка за да ги извлече од Собрание

September 7, 2018 12:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Тодоров, поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска сведочи во Кривиен суд за немилите настани во Собранието кажа дека на 27 април за да може да го изнесат со амбулантно возило повредениот пратеник Зијадин Села го маскирале во полицаец, а Радмила Шекеринска во докторка.

На прашања од обвинителката Вилма Рускоска, објасни дека на 27 април бил во Парламентот и присуствувал на конститутивна седница, на која дел од пратениците пристапиле кон избор на претседател на Собранието, надвор од местото на кое требало тоа да се направи.

– Ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бевме собрани околу говорницата и со пеење се обидовме да го спречиме таквиот начин на избор на претседател на Собранието. Никој од пратениците не беше насилен, рече Тодоров.

Објасни дека потоа се упатиле кон прес салата, а тој излегол од пленарната сала и отишол во кабинетот на претседателот Трајко Вељаноски каде чул бука и галама и излегле да види што се случува.

– Видов дека пленарната сала беше исполнета со луѓе кои пееја и вееја знамиња. Беше многу загушливо и излегов до тоалет. Потоа ми се јави Шекеринска и ми кажа дека е во прес салата, каде еден човек веќе е мртов.  Итно се јавив во Здравствен дом Скопје и побрав итна медицинска помош, по што се упатив во прес салата, рече Тодоров.

Поради тоа што имало гужва во прес салата луѓето го истуркале и со неговото обезбедување се повлекол во гаражите од каде повторно се јавил да праша до каде е возилото на итна медицинска помош.

– Директорката ми кажа дека возилото е пред Собрание, но има многу луѓе и не може да влезат. Тогаш и кажав ако не може возило, да влезат само лекари, рече Тодоров.

Откако влегле лекарите, отишол заедно со нив и пробале да влезат во прес салата, но не можеле. По неколку неуспешни обиди да влезат веќе почнала полициска акција за извлекување. Ми кажаа, додаде, дека Села е тој што е најтешко повреден, но не знаат каде е.

– Побарав од моето обезбедување и уште некои други полицајци да го побараме во Собранието. Се јавив кај државниот секретар во Министерството за здравство, кој ми кажа дека Села е во соба 203 или 202 на вториот кат. Се упативме таму, тропнав, но никој не се јави. Јас ја скршив вратата но немаше никој внатре. Потоа се качивме на третиот кат во соба 302 или 306, каде го најдов Села со уште две лица, кои по негово кажување му помогнале. Села ме позна. Се поздравиме. Ги извадивме сите надвор и направивме напори лекарите да работат, потенцира Тодоров.

Тогаш лекарката му рекла дека стравува оти Села има внатрешно крварење и мора да се транспортира во Градска болница.

– Се јавив на Чавков и му реков каква е состојбата на Села и дека треба да се направи акција за негово извлекување. За кратко ми се јави Чавков ми кажа дека Села ќе биде извлечен и транспортиран до болница. По кратко дојдоа специјалци. Пробавме да го изнесеме од влезот што гледа кон Зелено пазарче, но имаше голема група на луѓе и не можеше да излеземе и се повлековме. Села го сместивме во клубот на пратеници и направивме импровизирана амбуланта. Потоа дојдоа повеќе полицајци и успеаа да го транспортират Села од задниот дел. За да може да ги изнесат Села го маскираа во полицаец, а Шекеринска во докторка, рече Тодоров.

Излегол со амбулантно возило во кое биле тој, Радмила Шекеринска и двајца полицајци и отишле во Клинички центар. Потоа се вратил во Собрание да помогне, но веќе траело извлекувањето на пратениците од СДСМ и Собранието било празно и си заминал дома. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ