• Latest

Несоодветно вреднување на трудот на затворската полиција

September 8, 2018
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Несоодветно вреднување на трудот на затворската полиција

September 8, 2018 10:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основицата на затворската полиција од 15 илјади денари не е соодветна во однос на МВР. Додека полицајците се соочуваат со криминално поведение од околу 10 до 15 проценти во населението, вработените во затворите секојдневно се соочуваат со криминалци кои државата ги затворила, ова во интервју за МИА го истакна директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ информирајќи за состојбата на затворската полиција и за условите во затворите.

Пред еден месец на средбата со Независниот синдикат на затворската полиција и администрација во Министерството за правда ги известивте дека се обезбедуваат средства за униформа и опрема за работа.  Дали обезбедивте средства и до каде е постапката?

правда

На состанокот во Министерството за правда ги известивме претставниците на Независниот синдикат на затворската полиција и андминистрација дека се обезбедини средства за униформи, но и дека во фаза на завршување е правилникот за унифома на затворската полиција, со кој сакаме да вградиме повисоки стандарди. Квалитетот на униформата е на ниво на МВР. Од полициската униформа ќе се разликува само по лепенката на која ќе пишува затворска полиција. Управата за извршување санкции има обврска да работи на подобрување на условите за работа на сите вработени, а тука е и затворската полиција. За да бараме од нив одговорност и отчетност, мораме да им овозможиме и услови за такво нешто. Условите за работа во моментов се на повисоко рамниште, а слободно би рекол дека се на европско ниво. Тоа го овозможивме со отворањето на новите објекти во КПД „Идризово“, на КПД Куманово, а во наредниот период ќе се посветиме да го надминеме и проблемот со водоснабдувањето на Воспитно-поправниот дом во Тетово, што е целосно нов објект и ќе ги прифати малолетниците од затворот од Охрид. Разговаравме и за платите и сметам дека не се на адекватно ниво, затоа што со средна стручна спрема личниот доход во затворските установи почнува со околу 15.000 денари. Тоа е навистина ниска сума за така сложена обемна и опасна работа. Моето размислување е, но и при бранење на  Буџетот кажав дека бараме да се покачи основицата на платата, а со тоа се покачуваат и другите додатоци. Колку државата ќе има слух не знам, јас само правам паралела- кога МВР се соочува со криминално поведение со околу 10 до 15 проценти од населението, вработените во затворите се справуваат со сите оние кои државата ги исфилтрирала, ги и санкционирала и ги сместила во овие установи, од посебни причини. Тука нема еден, кој е исклучок. Вработените работат комплетно со криминални структури, тука влегуваат со повратници од боиштата и разни криминалци. Бараме начин да се подобри платата во однос со полицијата, бидејќи разликата е евидентна. Не бараме комплетно изедначување но барем да се покачи нашата основица.

правда

Колку пари и време се потребни да се добијат нормални, просечни  затвори, во кои ќе се врши ресоцијализација, а не радикализација и дополнителна криминализација?

Ние се водиме врз основа на тоа дека Европските затворски правила пропишуваат одредени норми, што треба да се задоволат во установите за функционирање на самите затвори, а тоа се смествувачките капацитети, програмите за ресоцијализација… Соработуваме со сите невладини организации што изразуваат подготвеност да работат со нас, а имаме и извонредна соработка и со Советот на Европа и Европската комисија, како и со нашите министерства, кои треба да излезат во пресрет да се надминат проблемите. Многу едукации направивме за ресоцијализација, во обуката на кадрите. Во однос на радикализацијата како нова појава кај нас, интезивно се создадени и работни групи кои работат на документи за дерадикализација за што имаме помош од меѓународната заедница. Во наредниот период очекувам да излеземе со конкретни документи за постапување, бидејќи ова е релативно нова појава во нашите установи. Од констатираните состојби точно е дека во една гужва што беше затекната, било која одлука на вработените не може да вроди со плод, бидејќи нема простор каде тоа да се аплицира. Со довршување на проектите се создаваат извонредни можности за спроведување на сите едукации што треба да се извршат во македонските затвори. „Економија“ и „Препород“ во КПД „Идризово“ се владини ДООЕЛ-и и работиме на тоа дека со законот за извршување санкции треба да ги воедначиме сите стопански сектори во Македонија и да направиме униформно функционирање на тие единици и да бидат вкалкулирани и вклопени во Центарот за ресоцијализација. Тоа е потребно затоа што основата дејност на тие единици кои постојат, е преку работа, ангажман, обука и ресоцијализација на затворската популација, која што утре кога ќе излезат од нашите останови, да бидат достапни на пазарот на трудот и да си го најдат своето место во општеството.

Кога може да се очекува заокружување на процесот на осовременување на  затворскиот систем во Македонија. Овде ви завршува првата фаза, но  Идризово генерално  е во многу лоша состојба, како и повеќето други затвори во Македонија.

правда

Првата фаза од комплексот КПД Идризово е завршена, а сега сме насочени кон техничката помош, која е од меѓинародни и домашни експерти. Работиме на подготовка за втората фаза и подготовка на документација за целокупниот комплекс. Тоа е долготрајна работа и очекуваме во 2019 година да имаме точна проценка на трошоците и кога би можеле да распишеме тендер за објектите од втората фаза. Судницата како грант на ЕК е објавена во Службен весник дека ќе се гради, а комплетната е и објавена реконструкцијата на затворот во Битола.

Кои затвори обезбедуваат добра ресоцијализација или важи правилото само добро средените тоа можат и да го овозможат. Ако е така, можеме ли да сметаме дека во Македонија само еден-два затвора се малку подобри од другите?

Јас не можам да фаворизирам ниту една установа бидејќи ќе се утврди дека сум тенденциозен, најдробро е вие новинарите да појдете во сите установи и да донесете заклучок, каде и што има. Ние ви стоиме на располагање за дополнителни прашања.

Борис Куноски за МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ