• Latest

Да се спои зелената карта со полисата за автоодговорност пред усогласување на законодавството

September 10, 2018
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Да се спои зелената карта со полисата за автоодговорност пред усогласување на законодавството

September 10, 2018 09:30
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија треба да ја усогласи законската регулатива со ЕУ директивите и до крајот на 2019 година да има нов закон. Усогласувањето ќе подразбира и спојување на зелената карта со полисата за автоодговорност, каде пак, исто така, се најавуваат промени во делот на цената, односно либерализација на цената за полисата за автоодговорност. 

Ова го најавува претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски во интервју за МИА.

– Во периодот што доаѓа имаме неколку предизвици во делот на регулативата пред се заради усогласување со ЕУ регулативата. Таа е една револуционерна регулатива бидејќи се зголемуваат барањата на друштвата за осигурување во делот на поефикасно управување со ризиците, се зголемува нивото на потребен капитал, зголемено е и нивото на транспарентноста и зајакнато е пред се корпоративното управување. Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло, вели Попоски.

Додава дека она што треба да се направи при усогласувањето со европската регулатива е зелената карта да не биде повеќе посебна полиса и посебна премија, туку да биде дел од полисата за автоодговорност која секое возило треба да ја има при годишната регистрација на самото возила.

Тој истакна дека она што треба да се направи, исто така е да се либерализира пазарот во сегментот на слободно формирање на цената за автоодговорност од страна на друштвата за осигурување.

– Македонија има регулирани цени за задолжителното осигурување и исто така е една од ретките држави која има политика на одделна полиса и цена за зелена карта и поради тоа постои забуна  во јавноста околу концептот со зелена карта. Во земјите од ЕУ, меѓутоа во Србија, Црна Гора, БиХ, само не Албанија и Косово, зелената карта не претставува посебна полиса, туку таа е вклучена во цената на полисата на автоодговорност што се купува при регистрација на возилото. При тоа во овие земји се плаќа доплаток од пет до 20 евра за печатење на зелената карта, а не е тоа премија за зелена карта. Затоа во овие земји цената за автоодговорност е на повисоко ниво отколку во Македонија. Пример во Црна Гора е 125 евра, а кај нас 80 евра за патнички возила, но кога ќе се додаде и зелената карта тоа на некој начин ќе се доближи, појасни Попоски.

За тоа дали би се променила цената кога би се либерализирал пазарот, тој вели дека искуството од земјите што поминале како Хрватска, Бугарија, Романија и Албанија просечната цена имаше тренд на намалување, кој траеше и до пет години, но тогаш се констатира дека компаниите не можат редовно да ги сервисираат штетите предизвикани од сообраќајни нереќи и немаа доволно капитал да ги покријат штетите. Потоа, додава, Попоски, компаниите мораа да е докапитализираат и на таа смкетка мораа да ги корегираат цените нагоре. На пример во Бугарија за 30 проценти се зголемени цените оваа година во споредба со лани.

Тој потенцира дека засега не се знае каков концепт ќе се примени, но може да се направи, како што вели, и да нема голема промена на цениоте. Тоа зголемување може да биде неколку проценти поени или може да биде за возила со мала кубикажа да има минимален пораст, додека кај другите возила со поголема кубикажа да има повисока цена. За моделот не може да се каже во моменот, тоа ќе го понуди Владата по направени анализи.

Попоски истакнува дека нема временска рамка тоа кога би се случило, но оти тие како регулатор и самата индустрија се подготвени.

Според него, за да се случи сето ова треба да се решат неколку работи, а тоа е нула толеранција на неосигурани возила, потоа да се реши проблемот со доцнењето во обновувањето на полисите за автоодговорност, проблемот во делот на исплата на штета кога за ист вид повреда икма раслична судска пракса. Со ваквото регулирање, смета Попоски, на некој начин со друштвата ќе може да се најде заеднички интерес за спојувањето на зелената карта со автоодговорноста и да не биде со зголемување кое нема да биде на задоволство на граѓаните.

– Став на Агенцијата е дека прво може да настане спојување на зелената карта со автоодговорноста, а потоа да се пристапи кон либерализација. Нашите анализи покажуваат дека  целата постапка би се извела во период од две години, но откако ќе се донесе одлуката, вели претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ