• Latest

Едукативно катче за заболените од рак на Детската клиника

September 10, 2018
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Едукативно катче за заболените од рак на Детската клиника

September 10, 2018 13:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Карта на светот на која има слики од животни поставена на ѕидот со цел да им се влее надеж на децата дека ќе оздрават и ќе може да патуваат, книги за деца, боенки, сликовници, дидактички помагала, едукативни и училишни материјали, како и списанија за ученици, распоредени на спротивната страна. Вака е опремен Дневниот центар „Собата на Жозеф“ за психо-социјална поддршка на децата заболени од малигни болести, кој е отворен на Универзитетската клиника за детски болести.

Целта е заболените деца полесно да поминат низ процесот на лекување, но и да се надмине стигмата дека ракот е неизлечива болест. Ќе се спроведуваат активности во едукативна смисла и игри со едукативните и дидактичките материјали. Во Центарот преку игра, преку разговор, преку соодветни часови на децата ќе им биде овозможено полесно да ги поминат деновите во болница и да ги надминат најтешките свои мигови. Околу десеттина деца со малигни заболувања во моментот се лекуваат на Клиниката.

Центарот е отворeн на иницијатива на Здружението „Борка-за секој нов ден“, а покрај другиот третман децата ќе имаат и пристап до семеен терапевт, кој ќе им понуди стручна помош која е клучен сегмент во лекувањето и евентуалното излекување на ова тешко заболување.

Соба за учењеВо Центарот ќе бидат ангажирани осум наставнички од кои пет од одделенска настава, а три од предметна настава од училишта од општина Центар. Тие ќе им помагаат на децата во учењето, а тоа ќе им даде дополнителна надеж дека ќе оздрават и еден ден ќе се вратат во школските клупи заедно со своите другарчиња.

Јелена Брауновиќ, одделенски наставник од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во општина Центар истакна дека целиот труд, сета љубов, надеж и верба која ја вложуваат во децата во училиштата само ќе ја пренесат на децата заболени од рак на Детската клиника.

– Заедно со докторите тие нас ќе ни даваат кураж, а ние тој ќе го пренесуваме на децата. Нешто плус тука ќе внесеме. Тоа е таа борба за живот и верба дека може да случат чуда, а чуда се случуваат секогаш кога некој верува со душа со срце дека ќе успее во тоа што го посакува. Ние веруваме, сакаме и децата да почнат многу да веруваат. Верувам дека секое срце мало верува во нешто и се надевам дека заедно со сите наставнички и докторки ќе се сплотиме, ќе успееме да им овозможиме на децата да добијат нешто плус, да се почувствуваат и да видат дека тие не се ништо поразлични од другите, туку дека се тие херои на оваа денешница, рече Брауновиќ.

Посочува дека тие деца се борат за живот, се борат за едно подобро утре за да им покажат на идните млади генерации, на следните заболени дека со нивната борба ќе успеат да им бидат добри примери.

наставник - за Рената– Ќе имаме активности од едукативна смисла за да не ги оптоваруваме премногу децата, затоа што сепак според нивните можности колку можат, колку се подготвени тоа да го примат. Ние на еден интересен начин преку игри, приказни, ќе смислуваме што како само да се чуствуваат пријатно, да имаат волја, верба и надеж да веруваат дека што побрзо ќе ја напуштат оваа Клиника и дека веднаш ќе поминат во училишните клупи, нагласи Брауновиќ.

Додаде дека на почетокот планирани се два часа дневно во Дневниот центар, а сега ќе има период на адаптација, социјализација на децата.

На отворањето на Дневниот центар министерот за здравство Венко Филипче најави дека заедно со Институтот за психологија планираат да воведат психо-социјална поддршка и за другите онколошки пациенти.

Директорката на Детската клиника, Катарина Ставриќ информира дека веќе се примени психолози и дека се зајакнува тимот. – Со тоа ќе се обезбеди психолошка поддршка не само на онколошките пациенти, туку и на другите пациенти со хронични заболувања кои се лекуваат на Клиниката, додаде Ставриќ.

Рената Пепељугоска (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ