Најчевска: Ниту помирувањето, ниту помилувањето не смее да биде опција којашто ќе ја понуди оваа власт. Помилувањето значи рушење на правниот систем, значи опстојување во затворениот систем, круг, на политичко преговарање, договарање и правење на дилови.
Додека, пак, помирувањето во моментов може да значи само омаловажување на сите оние луѓе што со години излегуваа на улиците во желба да урнат еден режим којшто го идентификуваа и како диктаторски и како фашистички и како режим којшто има елементи на мафија.
Во моментот се потребни многу цврсти вредносни параметри што ќе овозможат градење на темелите на правната држава и демократијата, а не нудење на меки христијански повици за заедништво за гушкање, за пружање раце и слично.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска
Фотографија: Џабир Дерала
Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста