Не можам да најдам личност којашто ја одбележа годината, меѓутоа, можам да зборувам за личност, којашто според мене во сеопштото сивило на случувањата на внатрешен план, ми се издвои, а којашто е дел од владејачката структура.
Тоа за мене е министерката Мила Царовска, којашто во едни многу проблематични услови, успеа да направи некаква промена, некаков исчекор во министерство коешто има неверојатно голема надлежност, министерство коешто до сега било зачмаено и коешто не само што не правело ништо добро за граѓаните, туку напротив, гледало на некаков начин да ги изигра, да ги измами и да ги поттурне граѓаните на страна. Навистина мислам дека за мене таа е во моментов пример за министер којшто и во многу тешки услови и во многу тешка структура на едно министерство, успеала да направи видливи промени.
Текст: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Фотографија и монтажа: Биљана Јордановска