Министерката за правда Рената Дескоска вечерва излезе со став спротивен на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој на утринскиот брифинг за новинари денеска рече дека Законот за обвинителство нема да се стави на седница пред завршување на претседателските избори.
Дескоска, по средбата со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, изјави дека, доколку се постигне договор со опозицијата, тогаш седница може да има и за време на кампањата, бидејќи тоа, според неа, ќе биде во интерес на запазување на роковите за интегративниот процес на земјава.
А. Зеќири












