• Latest

„Репортери без граници“ велат дека има напредок, но потребна е посилна посветеност

April 19, 2019
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Репортери без граници“ велат дека има напредок, но потребна е посилна посветеност

April 19, 2019 13:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Добро е што земјата бележи прогрес во последниот извештај на Репортери без граници, но Владата, правосудните органи како и самите медиуми потребно е уште многу да работат со цел да се креира амбиент кој ќе биде поволен за работата на сите новинари и медиумски работници“ истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.

„Северна Македонија бележи скок од 14 места на последниот индекс за слобода на медиумите на Репортери без граници и моментално се наоѓа на 95-то место од вкупно 180 земји во светот. За споредба, минатата година земјата се наоѓаше на 109-то место.

Според оценката на Репортери без граници, овој прогрес се должи пред се на намалувањето на бројот на напади врз новинарите во текот на 2018 година. Сепак, тие ги нагласуаат и негативните појави во медиумската сфера и тоа истите за кои и ЗНМ во претходниот период на повеќе наврати укажуваше и повикуваше на нивно решавање. Дел од овие проблеми се неспроведувањето на реформите во јавниот сервис (МРТ), потребата од измени и дополнувања на дел од медиумските закони како што се: Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер, но и Изборниот законик. Сериозна забелешка во нивниот извештај е културата на неказнивност кога се повредуваат правата на новинарите со што се стимулира идно насилство кон новинарите и медиумските работници. Освен ова, критика се дава и за тенденцијата на одредени високи владини функционери кои се закануваат и навредуваат новинари.

„Добро е што земјата бележи прогрес во последниот извештај на Репортери без граници, но Владата, правосудните органи како и самите медиуми потребно е уште многу да работат со цел да се креира амбиент кој ќе биде поволен за работата на сите новинари и медиумски работници“ истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Тој уште еднаш потсети дека потребно е медиумските реформи да се вратат во фокусот на работата на Владата и Собранието, бидејќи само преку инклузиивен и транспарентен начин може да се дојде до квалитетни решенија, со кои ќе се олесни и подобри работата не само на МРТ, туку и на приватните медиуми. „На овој начин, може да се подобри довербата на граѓаните во медиумите, а нашата земја да го подобри својот имиџ во светот за нивото на слободата на изразување и независноста на медиумите и да го повтори успехот на светските индекси. Потсетуваме дека Македонија во 2007 година беше на 36 место на индексот за слобода на медиумите и ова треба да биде репер кога зборуваме на оваа тема“, рече Чадиковски.

Да не заборавиме дека во споредба со балканските земји Македонија се уште се наоѓа на претпоследно место, пред Бугарија, но зад Словенија, Грција, Хрватска, Србија, БиХ, Косово, Албанија и Романија, што потврдува дека треба уште многу да се работи.“, се вели во соопштението.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ