Од бележникот на набљудувачите на ЦИВИЛ
Фејсбук страницата „Подршка за македонската полиција“ го крши изборниот молк. Некаде околу пладне, на 20 април, во време на изборниот молк, оваа Фејсбук страница објави фотографија со ликовите на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и консензуалниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, врз кои е напишанио „Заслужуваш ли повторно да бидеш излажан? Кажи им не на СДСМ“!
Ова е само еден од многубројните случаи на кршење на изборниот молк што ги забележа изборниот мониторинг на ЦИВИЛ. Досега, ниедна институција не реагираше на интензивното и грубо кршење на изборниот молк, наспроти бројните јавни повици на ЦИВИЛ да преземат соодветни законски мерки.
ЦИВИЛ Тим за комуникации