• Latest

ЦИВИЛ: Секогаш има потреба од непосредна комуникација меѓу гласачите и кандидатите

April 30, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ЦИВИЛ: Секогаш има потреба од непосредна комуникација меѓу гласачите и кандидатите

April 30, 2019 14:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, веднаш по добивањето на поканата од дел од Шарените да одговорат на директни прашања од граѓанките и граѓаните одговори потврдно. Неговата ривалка, претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова одбра да ја одбие поканата за соочување.

Стево Пендаровски во својот одговор на поканата од иницијативата кратко изјави:

Официјално ја прифаќам поканата за учество на јавниот настан организиран од На Мегдан / Në Mejdan. Очекувам детали за настанот, се гледаме!

Гордана Силјановска Давкова не ја прифати поканата со изјавата:

Крајно време е сите да се изборат за своето право, а не со полнење на кутии, не со семејно гласање. Верувам дека тие кои сум ги учела, ќе знаат за кого да гласаат. Јас знам што е револуција, но како одеднаш сега повторно се појави „Шарена револуција“… н верувам дека пратеници, советници, членови на управни одбори и носители на огромни проекти имаат легитимитет да се претставуваат како шарена револуција. Нивните ставови се исти како на мојот против кандидат, па мислам дека тој ги артикулира овие ставови. Ако сакате да бидете револуционер, сметам дека треба да бидете пристојно расотијание од власта. И оваа листа од луѓе што ја видов не сметам дека е репрезентативна за некој што  се нарекува револуционер.

Иницијативата излезе со експресен одговор:

Разочарани сме од одбивањето на нашата покана од страна на Гордана Силјановска, бидејќи според неа иницијаторите не биле легитимни револуционери. За да биде хипокризијата комплетна, тоа го изјави додека добиваше јавна поддршка од наш поранешен соборец, сегашен претседател на политичка партија. Професорке, за легитимитетот на нашиот активизам можат да говорат луѓето кои ги делеа улиците со нас. Тие веќе го прават тоа и ние со задоволство дискутираме со нив на оваа тема. Но, тоа не е едно од прашањата кои се упатени кон Вас. Затоа, не ги избегнувајте нашите прашања и дојдете #НаМегдан. Граѓаните имаат сериозни прашања за Вас и Вашата програма, кои сте должни да ги одговорите доколку очекувате нивна поддршка. Се надеваме дека ќе најдете време за тоа во Вашата агенда.

ЦИВИЛ – Центар за слобода со внимание ги следи изјавите во врска со оваа иницијатива што се во контекст и на изборниот мониторинг. Ставот на организацијата е:

Секогаш постои потреба од директна комуникација меѓу гласачите и кандидатите, особено во контекст на граѓанскиот активизам и демократските процеси во земјата. Оваа и ваквите иницијативи отвораат креативни комуникациски канали за граѓанско учество во изборниот процес, надвор од сценаријата на партиските тимови за односи со јавноста. Сметаме дека треба да се продолжи со поставување на прашањата, а ќе биде доблесно политичарите да одговорат на тие прашања. 

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ