• Latest

Бледи кампањи со контраефект

May 2, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бледи кампањи со контраефект

May 2, 2019 10:44
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На само два дена од завршувањето на изборната кампања, наместо остварување на очекуваното, дека кампањите на двајцата кандидати за претседател на државата ќе се заострат, дека конечно ќе излезат со конкретни предлози и решенија, и понатаму се водат бледи, разочарувачки и досадни кампањи. Се чини како целта да е цел да ги повикаат граѓаните да си останат дома, наместо да ги поттикнат и охрабрат да излезат да гласаат.

„Било што било во првиот круг. Мораме да сфатиме дека ова ни е единствената шанса да останеме на патот кон НАТО и ЕУ“, изјави вчера во Штип, кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, осврнувајќи се на лошата излезност и слабиот резултат, како небаре, ете, им простил на гласачите што не излегле и не го гласале, ама нејсе, сега е време да станеме сериозни.

Единствениот пат кон НАТО и ЕУ е воспоставување на здрав правосуден систем, независен од дневно-политичките случувања, спроведувањето на реформите, справувањето со корупцијата. И наместо да говориме за овие работи, на јавните настапи на Пендаровски се уште се зборувам за минатиот режим, за препукувањата меѓу лидерите на двете најголеми политички партии и најави за некакви метли. Но и метлите во овој случај се поделени и селективни. Па така имаме најави за „чистка“ само во редовите на СДСМ, но не и на ДУИ. Вечниот коалиционен партнер на секоја власт во земјата, чии гласачи неуморно го цицаат државниот буџет, и никој се уште не одговара за тоа. Можеби оттука и храброста на Изет Меџити да вети дека на Пендаровски во овој круг ќе му донесат 80.000 гласа.

Ништо подобра во своите настапи не е ниту Гордана Силјановска Давкова. Професорката не изостанува во секој свој настап да се повика на нејзиното знаење, вештини и мудрост, космополитизам, љубов кон сите вери и нации, хуманост, принципиелност, Јателе и Тителе, Мирко и Славко…

Вчерашниот празничен ден таа реши да го помине со семејството и поблискиот тим на соработници во една винарија, заборавајќи која е целта на први мај. Денот го искористи да им упати критика и на оние кои негодуваа околу нејзиниот „хуман“ подвиг делејќи им оброци на децата во СОС Детско село. Останува непознато како и зошто професорката со толку искуство и знаење, поборник за правда и права, не може да го препознае злочинот, особено со оглед на фактот дека никогаш претходно во јавноста не била позната по учество во хуманитарни настани. Бласфемијата од фотографии и историјатот на нејзиното животно искуство во контекст на соживотот со припадниците на различни етнички заедници доволно зборува за себе.

Единствената светла точка на денот е најавата на политичката партија Беса, која го поддржа кандидатот за претседател Блерим Река, кој отпадна во првиот круг, дека немаат намера да се мешаат во одлуките на граѓаните, дека нема јавно да поддржат ниту еден од кандидатите и дека ќе ги остават гласачите сами да донесат одлука.

И не, за жал, не е ова една епизода од нискобуџетна сапунска серија со сомнително потекло. Ова е реалната кампања на претседателските избори 2019 во Република Северна Македонија… Уште два дена…

Маја Ивановска

Share54Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ