Државната изборна комисија на денешната седница соопшти дека без проблем е доставен изборниот материјал и дека е спремна за непречено спроведува на вториот круг на претседателските избори и изборот на градоначалници во Ново Село и Охрид.
Во сабота ќе гласаат 1.640 затвореници, 4.540 лица пријавени како болни и немоќни и 7 раселени лица. ДИК ги усвои и сите барања за набљудување на изборите, па така за вториот круг ќе има 4,250 акредитирани домашни и странски набљудувачи. Исто така, на седницата се одлучуваше и за неколку приговори од граѓани и сите ги усвои задолжувајќи ги Општинските изборни комисии да им овозможат да гласаат како болни и изнемоштени лица.
Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски информираше дека се потрошени и 48 милиони, од одобрените 100 милиони за испаќање на медиумите. Како што изјави Деркоски, сите информации јавно ќе бидат објавени на веб страницата на ДИК.