Премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел остварија 40 минутна средба, но без изјави за медиумите, со што останува а состанокот заврши без изјави за медиумите.
Јавноста останува без официјални информации за пораките од Меркел кога може да очекува Северна Македонија одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот самит на лидерите на земјите членки на Унијата на 20 и 21 јуни во Брисел.
Она што останува како официјлен став на Владата се изјавите на Заев дека ако не се добие датум за почеток на преговорите, ќе биде загрозена перспективата на земјата и ќе има негативно влијание врз сегашната власт.
Ставовите на Меркел ќе бидат пренесени во седиштето на СДСМ, во недела, по што официјално владејачката коалиција ќе се произнесе за следните нејзини чекори.