• Latest

Адеми: Онлајн-настава има во сите училишта, размислуваме за ваучери за интернет за деца од социјален ризик

April 1, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Адеми: Онлајн-настава има во сите училишта, размислуваме за ваучери за интернет за деца од социјален ризик

April 1, 2020 11:31
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Информациите од терен за онлајн-наставата се доста охрабрувачки. Досега не сме примиле информација дека во некое училиште воопшто не се организира онлајн-настава. Има одредени предизвици со кои нашиот образовен систем се соочува и во нормални околности, особено кога говориме за најмалите – од прво до трето одделение, зашто сите не знаат да ракуваат и сите немаат свој ИТ-уред, изјави министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Во гостување во утринската програма на ТВ Сител министерот рече дека покриеност со интернет има на целата територија на државата, но проблем има со пристапноста до интернет во семејства без приходи и поради тоа  Министерството со допис побарало од училиштата да информираат колку деца немаат пристап до интернет поради материјални услови. Но, рече, имало недоразбирање зашто училиштата мислеле дека ќе им се доделуваат ИТ-уреди и известиле за деца што не поседуваат уреди. Ќе  ги користат, рече, и податоците од Министерството за труд и социјална политика за точен број на семејства во државата што се без приходи, а кои имаат ученици, и  податоците ќе ги вкрстат.

-За интернетот е малку полесно зашто со министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски размислуваме да доделуваме ваучери за интернет за да се обезбеди бесплатен интернет за децата од социјален ризик. Што се однесува до уредите, кога велиме учење од дома не мислиме на некои најмодерни ИТ-уреди, со посебни камери и микрофони итн. На пазарот може да се најде и  употребен уред по скромна цена. Доволно е да имаме паметен телефон и сè да следиме онлајн. Затоа и во уредбите што ги донесовме користевме претпазливи формулации, велиме:  „…и секое средство за комуницирање кое ќе овозможи двонасочна комуникација“, истакна Адеми.

Тој повторно нагласи дека онлајн-наставата е задолжителна и веќе стана формална и наставниците се насочени дека сите содржини и теми треба да ги планираат и организираат исто како и во редовната, класична настава. Преку е-платформите, е-пошта и други модели и средства за електронска комуникација треба да се овозможи двонасочна комуникација наставник – ученик и размена на податоци.

Во однос на оценувањето и проверката на знаењето на учениците, Адеми рече дека наставнците може да бидат многу креативни за да оневозможат препишување на одговорите, така што, рече, „бараме креативност и максимална вложеност од сите страни“.

Посочи и дека за е-учењето да има законска основа,  Владата ги донесе трите уредби, кои имаат сила на закон, за трите нивоа на образование (основно, средно и високо) и со нив се утврдува начинот на организирање и реализирање на наставата на далечина.

Во однос на размислувањето државната матура да се одложи за еден месец и за реакциите  од родители за ваквиот предлог, Адеми повторно кажа дека повеќе опции се на маса и сè зависи од тоа колку време ќе трае оваа ситуација.

-Одложувањето за јули наместо во јуни е една од опциите и нема да се изгуби ништо. Ќе ја следиме состојбата, а најбитно е дека која одлука и да ја донесеме ќе се водиме според најдобриот интерес на нашите ученици, земајќи ги предвид сите овие вонредни околности. Никој нема да биде оштетен, додаде Адеми. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ