• Latest

Адвокати во САД го повикаа Фејсбук да се откаже од детскиот Инстаграм

May 11, 2021

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Адвокати во САД го повикаа Фејсбук да се откаже од детскиот Инстаграм

May 11, 2021 11:41
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Националното здружение на адвокатите во САД го повика Фејсбук да се откаже од плановите за Инстаграм програмата за деца под 13-годишна возраст – „Instagram Kids”, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста и психичкото здравје на децата и штетата што социјалните медиуми може да ја направат притоа.

Во писмо до извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, 44 врвни државни и регионални адвокати тврдат дека социјалните медиуми може да бидат многу штетни за децата и дека Фејсбук не успеал да ја заштити благосостојбата на децата на своите платформи во својата практика до денес. Како пример, тие ја наведуваат апликацијата „Messenger Kids”, којашто „им дозволува на децата да ги заобиколат ограничувањата” и да се приклучат на групни разговори со непознати.

„Фејсбук како да не реагира на потребата, туку ја создава, бидејќи оваа платформа првенствено им се допаѓа на деца кои инаку не би имале профил на Инстаграм. Накратко, платформата на Инстаграм за деца е штетна поради огромен број причини. Државните адвокати го повикуваат Фејсбук да се откаже од своите планови за лансирање на таа нова платформа”, се вели во писмото.

Тие го наведуваат и кибер-вознемирувањето на Инстаграм и злоупотребата од страна на луѓе кои ги експлоатираат децата на различни начини, како штетни појави. Само во 2020 година, Фејсбук и Инстаграм објавија 20 милиони слики на сексуална злоупотреба на деца, според адвокатите.

„Децата не се способни да се справат со комплексноста на она што го среќаваат на интернет, како што се рекламирање, несоодветна содржина и односи со туѓинци”, се истакнува во документот.

Кибер-вознемирувањето е еден од главните проблеми. Истражување од 2017 година покажа дека дури 42 отсто од младите корисници на Инстаграм доживеале вознемирување на интернет. А, децата денес минуваат повеќе време на интернет поради пандемијата на Ковид-19, па има опасност дека овие проблеми само ќе се влошуваат, предупредуваат државните адвокати.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ