• Latest

Агелер: САД се посилни затоа што имаат сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија

July 3, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Агелер: САД се посилни затоа што имаат сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија

- Генерално, изборите се базираат на различни мислења, приоритети и индивидуални цели. Може да бидат тешки, но кога ќе завршат, императив е да се вратиме на она што еден од нашите најголеми претседател Абрахам Линколн го нарече „подобрите ангели на нашата природа“. Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните.

July 3, 2024 12:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

И најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија, порача меѓу другото вчера американската амбасадорка Анџела Агелер на прославата на 248 години од американската независност во Амбасадата во Скопје.

Во својот говор пред присутните, таа изјави дека и е чест да ги претставува САД во земјава и говореше за промените со кои се соочува светот, изборите што годинава се одржуваат во над 90 држави, за демократијата и потребата од нејзина заштита.

– Генерално, изборите се базираат на различни мислења, приоритети и индивидуални цели. Може да бидат тешки, но кога ќе завршат, императив е да се вратиме на она што еден од нашите најголеми претседател Абрахам Линколн го нарече „подобрите ангели на нашата природа“. Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните. Ова важи овде како што ќе се применува во САД во ноември. Затоа, ви честитам Вам и на вашата Влада и на сите што го правите ова, односно се потпирате на добрите ангели, рече Агелер.

Осврнувајќи се на демократијата и нејзиното значење, амбасадорката ја цитираше добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Реса, која порача дека демократијата е кревка, дека треба да се бориме за секој нејзин дел, за секој закон, за секоја заштита, за секоја институција, за секоја сторија.

– Мора да знаете колку е опасно да го претрпите дури и најмалото ускратување. И денеска нејзините зборови имаат поголемо значење од кога и да е. Секаде околу нас гледаме свет кој се менува. Повеќе гласачи од кога било во историјата имаат право да гласаат во 2024 година во над 90 земји и во ЕУ, дури и во време кога војни и конфликти погодуваат милиони низ целиот свет. Сега се потсетив дека најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија, рече Агелер во обраќањето пред присутните на церемонијата.

Агелер денеска се огласи на платформата Икс, нагласувајќи дека имала прекрасна прослава на 248 годишнината од американската независност со партнери и пријатели.

-Имав прекрасна вечерна прослава на 248 години од американската независност со партнери и пријатели вечерва во Скопје. Силните демократии се зајакнати од пријатели, сојузници и посветени партнери како Северна Македонија, напиша на социјалната мрежа X, амбасадорката Агелер.

Фото: Принтскрин

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ