• Latest

Ако нешто итно не се преземе, нема иднина за Пробиштип!

May 15, 2017
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ако нешто итно не се преземе, нема иднина за Пробиштип!

May 15, 2017 12:25
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

До кога ќе се зголемува загадувањето во Пробиштип? Опасностите на хартија не ги собира да ги напишеш, а камоли да живееш во таква средина! Сево ова ни се случува, затоа што со  години наназад, се води погрешна политика во однос на зачувувањето на животната средина. На граѓаните им се пласира погрешна, антиеколошка теза дека мора да има загадување за да има вработување!? Ниту е морално, ниту е етички да се оди со ваква квази-кампања!

Пишува: Светлана Станојковска

Минато…

Во далечната 1976 година, во Пробиштип се случи еколошка катастрофа со излевање на јаловиштето од рудникот за олово и цинк „Злетово“. Така, јаловиштето стана една од 16 жешки еколошки точки во земјава. На оваа локација, од почетокот на експлоатацијата на рудникот, биле депонирани над 6.000.000 м3 хидројаловина која содржи тешки метали (олово, кадмиум, цинк, жива, железо, бакар, арсен, ураниум…) и други опасни хемикалии (бакар сулфат, натриум цијанид, калциум оксид, калциум карбонат… ). Висока концентрација на кадмиум, бакар, олово, цинк, манган во почвата, се јавува во Пробиштип и околината, вклучувајќи го делот кој припаѓа на рудникот „Злетово“, како и по течението на Киселичка Река, и во долниот дел од Злетовска река. Висока концентрација на олово и цинк има и по течението на реката Коритница, која доаѓа од правецот на рудникот „Злетово“, како и по горниот тек на Злетовска река, по влевањето на Коритница. Висока концентрација на хром и никел има во северозападниот, североисточниот и во југоисточниот дел, по долниот тек на Злетовица, на земјиште, главно засадено со пченица. Високи концентрации на арсен има во регионот југоисточно од Пробиштип…

Континуираното загадување, хаваријата во 1976 и самите рударски активности, имаат серија на последици за и кон локалното население. Повеќе од 1.000 хектари земјоделска површина се контаминирани. Земјоделското земјиште во атарите на селата Стрмош , Неокази, Петришино и Бучиште се загадени со тешки метали, со високи концентрации на кадмиум, бакар, олово, цинк, манган…, а во услови на посилен ветар, воздухот што го дише локалното насление е загаден со ситен песок и прашина полни со тешки метали . Влијанието на ова загадување врз човековото здравје и животната средина е посочено исто како кај Топилницата во Велес .

До денеска не е направено ништо за санација од штетите од оваа еколошка катастрофа! Јаловиштето е речиси во центарот на градот, и кога дува јужниот ветар, целата токсична прашина оди кон градот каде жителите го вдишуваат. Деконтаминација на земјоделските површини требаше да е отпочната со фиторемедијација. Граѓаните требаше да бидат запознаени со ваквата состојба и секако, да следи едукација. На овие земјоделски површини, жителите садат земјоделски култури и ги продаваат на пазарите, а ние, свесно или несвесно, ги купуваме и се труеме со тешки метали. Ова претставува свесно труење на сопствените граѓани! Овие поразителни резултати од студијата „JICA“ (изработена во 2006-2009 за потребите на хидросистемот „Злетовица“) не се достапни за сите, туку, само за поединци.

 

Сегашност…

Еколошките проблеми од минатото, остануваат и во сегашноста. Во градот има загадувачи, а Пробиштип нема софистицирани мерни инструменти за мерење на ПМ10 и ПМ2,5 честички, за мерење на издувните гасови и за мерење на CO2, SO2, NO2 и други параметри. Секако, нема ни мониторинг од Министерството за животна средина и просторно планирање. А, Пробиштип има флотација во центарот на градот! Има и фабрика за акумулатори – а во нејзиниот состав, има топилница за топење на стари акумулатори која работи повеќе од 10 години! Во непосредна близина на градот постои несанитарна градска депонија Озрен… Во градот има и помали загадувачки капацитети, кои во моментот, не работат. Во зимскиот период има загадување и од домаќинствата преку согорување на огревно дрво и секако, преку издувните гасови од автомобилите. Никако не смее да се изостави и хемиската радијација која е присутна на поширокиот регион.

 

Иднина…?

Како ова загадување да не беше доволно и некој реши да има зона со тешка индустрија -Неокази. Во изградба е Челичарница за која „експертите“ се изјаснија дека нема влијание врз животната средина, што претставува една голема лага! За светот, ние претставуваме капка во море и можеме да сонуваме и да зборуваме за модерни незагадувачки технологии. Но, не и да ги спроведуваме, зашто сме светлосни години далеку од таквата технологија и развој, во однос на развиените земји… Најзастрашувачки е фактот дека парцелата каде никна тешката индустрија – Неокази, само до пред три години се даваше под концесија и се садеа житарици, кои за некои семејства претставуваа главен извор за храна. А тој плац да ти бил најзагаден со тешки метали од еколошката катастрофа која се случи порано. Згора на тоа, кога културите ќе се испрскаат и со пестициди – жив отров! Невидена нечовечност е некој да знае за тие поразителни резултати, а да молчи поради остварување корист. Зарем некој не треба да си сноси одговорност? Луѓето не се ни свесни за последиците од консумирање на храна богата со тешки метали…  По консумирање на ваква храна не настапува смрт. Тешките метали се таложат во организмот и со години на консумирање на ваква храна, настануваат генетски промени. Тоа е најстрашното нешто! Кога овој процес ќе земе замав – нема назад! По втората генерација, последиците ќе бидат поочигледни, со нови генерации со многу аномалии. Што ќе постигнеме со тоа? За што ќе се решиме? За развој на економијата во државата или за здрава популација во рударските средини, ако е можно тоа… Граѓаните треба да одлучат!

А во Пробиштип, агонијата продолжува. Во иднина, покрај комплексот Неокази и депонијата Озрен, ќе се гради фабрика за масло, па топилница, и така, до недоглед… Сè додека народот молчи и прифаќа сè што ќе му се пласира, за Пробиштип нема иднина во однос на загадувањата!

 

Итни чекори…

Не граѓаните, не бараме ништо што со закон не е пропишано! Со Уставот имаме загарантирано право на чиста животна средина, и сакаме правото да си го оствариме. Имаме загаден воздух, имаме загадени почви, а во однос на водите прашањето ќе го поставиме вака: веруваме дека микробиолошки, водата за пиење е исправна, меѓутоа дали водата за пиење  не е радиоактивна? Пред неколку години се изгради филтер-станица за прочистување на водата, но фактот дека водата поминува низ рудник на ураниум над Злетово, ги менува нештата…

Во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век, Пробиштип е прогласуван за најзагаден во Европа, во однос на загаденоста на почвата… По еден децениски долг период на еколошки молк, неодамнешниот референдум во Гевгелија ни е единствената светла точка од аспект на будење на свеста на граѓаните за екологијата. И на силата и моќта на волјата на граѓаните. Иницијативата треба да продолжи и во Валандово, во Богданци, во Струмица,  во Дојран…, и во сите населени места кои се засегнати од можни еколошки катастрофи… Со жалење мора да констатираме дека и ние во Пробиштип и околината не сме изоставени од „златната треска“, со најавено отварање на рудници за злато, сребро и бакар: рудникот Плавица – Црни Врв и Маричански Рид се локациите на кои се врши истражување за следни активности… До кога ќе се зголемува загадувањето во Пробиштип? Опасностите на хартија не ги собира да ги напишеш, а камоли да живееш во таква средина! Ова ни се случува затоа што со години наназад, се води погрешна политика во однос на зачувувањето на животната средина.

На луѓето им се пласира погрешна, антиеколошка теза дека мора да има загадување за да има вработување!? Ниту е морално, ниту етички да се оди со ваква кампања. Пробиштип пред повеќе години почна да се развива како град на текстилот, со отворање на голем број конфекции, со најави дека иднината на градот е во користење на чиста енергија – сонцето, ветерот… На парцелата во Неокази навистина да се поставеа сончеви панели, општината ќе имаше бенефит, како ниедна општина досега. Не смееме да бидеме глуви за податокот дека болестите – карцином на разни органи се во пораст последниве години, дека имаме деца со проблеми во психофизичкиот развој и дека последните години сме сведоци на  зголемување на смртноста кај младата полулација од мозочни и срцеви удари…

Гевгелија си го одбрани градот, Валандово ќе ја одбрани калинката, Струмица – пиперките и доматите, Дојран – смоквите и туризмот… Имаме  ли ние во Пробиштип, нешто да браниме? Секако дека треба да си ги одбраниме сопствените животи и животите на нашите семејства, треба да се избориме за подобро утре за идните генерации! Ако за тоа веќе не е доцна…

Пробиштип засега, ништо не прави во сегашноста (за жал, не правеше доволно ниту во минатото) за да има подобра иднина…

(* Авторката е дипломиран биолог, екологист и претседател на здружението „Еко фемина“ од Пробиштип)

[divide]

Колумната е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: антиеколошка кампањазагадена почвазагадување - вработувањеЗлетовојаловинаПробиштиптешки метали
Share63Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ