Активистите на Гринпис држат транспаренти додека го блокираат истоварувањето на пратка руската гас во Торнио, Финска, на 17 септември, пренесува РФЕ- Радио Либерти.
Еколошките активисти на Гринпис го блокираа истоварот на пратката руски гас на терминалот за течен природен гас (LNG) во северна Финска.
„Пратката содржеше течен природен гас што доаѓа од Русија“, изјави за AFP на 17 септември Олга Ваисанен, портпаролка на финската државна компанија Гасум која го увезуваше блокираниот гас.
Активистите побараа нордиската нација да престане да увезува руски гас по одлуката на Кремљ да ја нападне Украина во февруари.
„Целосно е неприфатливо рускиот гас сè уште да биде дозволен да тече во Финска, повеќе од шест месеци откако Путин ја започна својата инвазија“, нагласи во изјавата активистот на Гринпис, Оли Тиаинен.
„Финската влада и премиерката Сана Марин мора веднаш да го забранат увозот на фосилни горива од Русија“, објави групата на Твитер.
BREAKING! Greenpeace activists stop Russian fossil gas from being offloaded in Finland! Gas is imported to Finland by state-owned company @GasumGlobal. Activists demand prime minister @MarinSanna‘s government to stop the flow of Russian fossil fuels to Finland. #StopFuellingWar pic.twitter.com/AyKnEe7AO4
— Greenpeace Suomi (@GreenpeaceSuomi) September 17, 2022
Официјални лица изјавија дека брод на Гринпис и активисти во кајаци надвор од пристаништето за товарење го блокирале приклучувањето на танкерот за ЛНГ „Корал енерџи“. Други активисти се качија во крановите што се користат за истовар на гасот.
На 8 септември, Гринпис спречи танкер да истовари руски ЛНГ на терминалот во Нинашам на источниот брег на Шведска.
Активистите ја повикаа шведската влада веднаш да го запре увозот на руски ЛНГ.
Европската унија и Шведска не воведоа санкции за увоз на гас од Русија, само за нафта и јаглен.
Во мај, Русија ја намали испораката на гас преку гасоводот до Финска, тврдејќи дека има проблеми со плаќањата, но испораките по море продолжија.
Подготви: Д.Мишев