• Latest
Добро утро со Орданоски

Аман, Вучиќу, олабави!

March 19, 2019

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Аман, Вучиќу, олабави!

March 19, 2019 07:31
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Н[/dropcap]е е сосема јасно која е намерата што сака да ја постигне Вучиќ со така честото реферирање на Македонија како место од кое, наводно, се организира неговото рушење од власт во Белград? Заев и „Македонското сценарио“ не ги вади од уста, иако за нас, кои мислиме дека знаеме по нешто за власта на Заев, ни се чини урнебесно смешна и самата помисла дека тимот и службите околу македонскиот премиер имаат желба, ресурси, способност или време да се занимаваат со рушењето на Вучиќ во Србија?!

Па, овие смотаниве од нашава Влада не можат да срушат ни две диви платформи кај Матка, изградени под покровителство на оној политички муфљуз од градоначалник на Сарај, а не, пак, да го симнат од власт кој било режим во Белград! Алоооо, Сарај има една, права, улица, а нашиве не можат да го најдат патот до Матка; во Белград ако влезат, ќе ги најдеме по дваесет години како на Карабурма уште прашуваат по кој пат да фатат за Калемегдан!

Едно можно објаснување е дека на Вучиќ, за потребите на својата клаустрофобична внатрешна политика, му треба некаков „надворешен непријател“ што може да го „трола“ по своите стенд-ап перформанси на она што го претставува како прес-конференции, а за тоа да не поднесува сметка никому. Бидејќи, со Американците и Европејците тоа не може така безобразно, како што тој знае, да го прави, а да не биде повлечен за уши. Другите опции за соседни „непријатели“ – Хрватска? Бугарија? Романија? – му се, секако, надворешно-политички „поскапи“ и побесмислени. А заради нашиот модел на решавање на внатрешно-политичките и надворешно-политичките проблеми (и со етничките Албанци во Македонија, и со соседите, финално и со Грција) ние му доаѓаме како извонреден регионален антипод, дијаметрално спротивно на сето она што тој го прави со својата политика за Србија.

Вучиќ е забавен за гледање и слушање, но е тотално непродуктивен. Трла баба лан, да јој проѓе дан.

Дополнително, националистите во српската политика – како и овие нашиве, впрочем – живеат од објаснување бескрајни антисрпски конспирации! За тоа имаат легендарна надареност: на пример, барем четириесетина години го слушаме Шешељ како во детали, со неверојатна упорност и прокоцкана ерудиција, по семожни телевизии ги објаснува столетните, компликувани заговори против Србија составени со способноста за смислување врвни трилер-заплети на еден Ден Браун, и пак ништо не успеваат на време да предвидат или да спречат, а уште помалку да решат во своја корист… Секогаш е Србија жртва на некоја гео-политичка и вселенска неправда, со целата пропратна епика на бескрајните национални порази. Секогаш е некој друг виновен, а во најлош случај им пресудуваат предавствата меѓу самите Срби.

Извонредно креативна балканска нација, во секоја смисла, со петпарачки талент за водење политика. Да ја вложеа половината од таа потрошена енергија во медицината, на пример, до сега ќе смислеа вакцина против ракот. Лесно би можеле секоја година да имаат по еден нобеловец во која сакаат област, само кога би се договориле да си погледнат малку подалеку од носот.

Ни нема спас, тешко дека ќе го разубедиме Вучиќ и неговата пропаганда дека она што му се случува нему е меѓу него, неговата опозиција и српските граѓани, а не меѓу Скопје и Белград. Има во тоа и малку традиционален српски презир кон Македонија и Македонците, за кои Дачиќ како да е надлежен да ни го сервира во редовни дози.

Но, тоа не го менува фактот дека, со македонскиот влез во НАТО, нашите геополитички патишта се раздвојуваат, за догледно време. Србија ќе мора да се помири со таа нова околност на Балканот, му се допаѓало на Белград тоа или не.

Затоа, бателете ја Македонија, г-дине Вучиќ, туку што ви е да чините со Косово?

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share618Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ