• Latest

Амазонската прашума може да биде следната зона на пандемија

May 16, 2020

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензиите со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
Фотографија: Скриншот - Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (faz.net)

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим пред половина милион луѓе

July 7, 2025
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
80 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo: Screenshot Sky Tv

Во поплавите во Тексас загинаа најмалку 80 луѓе, меѓу кои 28 деца

July 7, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да се воведе данок на глупост за да се пополни буџетот, да се изгласаат уставните измени или да си одат – им порачаа граѓаните на властите

July 7, 2025
Фото: ДЗС

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Амазонската прашума може да биде следната зона на пандемија

May 16, 2020 09:14
in ВЕСТИ, КОВИД-19, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Следната пандемија би можела да дојде од прашумите во Амазон, предупредува бразилскиот еколог Дејвид Лапола, кој вели дека човечкото уништување на живеалиштата на животните – најверојатен виновник во појавата на коронавирусот – се зголемуваат таму заради неконтролираната сеча на шумите.

Истражувачите велат дека урбанизацијата на некогаш дивите области придонесува за појава на зоо-заболувања – оние што се пренесуваат од животни на луѓето.

Тука спаѓа и новиот коронавирус, за кој научниците веруваат дека потекнува од лилјаци пред да им се пренел на луѓето во кинеската провинција Хубеи, што брзо се урбанизира, веројатно преку трет вид.

Лапола (38), која проучува како човечката активност ќе ги преобличи идните екосистеми на тропските шуми, вели дека истите процеси се во игра во Амазон.

„Амазон е огромен резервоар на вируси“, рече тој.

Најголемата светска дождовна шума исчезнува со алармантна стапка.

Минатата година, во прва година на функција на претседателот Жаир Болсонаро, уништувањето на шумите во бразилски Амазон се зголеми за 85 проценти, на повеќе од 10.000 квадратни километри – површина скоро колку големината на Либан.

Трендот продолжува и оваа година.

Од јануари до април, збришани се 1.202 квадратни километри, со што се постави нов рекорд за првите четири месеци од годината, според податоците засновани на сателитски слики од бразилскиот Национален институт за истражување на вселената (ИНПЕ).

Тоа е лоша вест, не само за планетата, туку и за здравјето на луѓето, рече Лапола, кој има магистерски студии по моделирање на системот за земјата од институциите Макс Планк во Германија и работи на Универзитетот во Кампинас во Бразил.

„Кога создавате еколошка нерамнотежа … тоа е кога вирусот може да скокне од животни на луѓето, рече тој.

– ХИВ, ебола, денга –

Слични обрасци можат да се видат со ХИВ, ебола и денга треска – „сите вируси што се појавија или се шират во огромна скала е заради еколошката нерамнотежа“, рече тој.

Досега, повеќето вакви епидемии се концентрирани во Јужна Азија и Африка, честопати поврзани со одредени видови на лилјаци.

Но, огромната биолошка разновидност на Амазон може да го направи регионот „најголем базен на коронавирус во светот“, рече тој – и тоа се однесува на коронавирусите воопшто, а не оној што стои зад сегашната пандемија.

„Ова е уште една причина да не се користи нерационално Амазон, како што правиме сега“, рече тој.

И уште една причина за аларм е сеча на шумите од нелегални земјоделци, рудари и дрвачи, додаде тој.

Болсонаро, скептик за климатски промени кој сака да отвори заштитени домородни територии за рударство и земјоделство, ја распореди армијата оваа недела во Амазон за борба против уништувањето на шумите, во редок заштитен потег.

Но, Лапола вели дека повеќе би сакал Владата да ја зајакне постојната агенција за животна средина, ИБАМА, која се соочи со намалување на вработените и намалување на буџетот под Болсонаро.

„Се надевам дека во следната администрација ќе посветиме поголемо внимание на заштита на тоа што може да биде најголемото биолошко богатство на планетата“, рече Лапола.

„Ние треба да го воспоставиме односот помеѓу нашето општество и дождовните шуми“. Инаку, светот се соочува со повеќе епидемии – „многу сложен процес што е тешко да се предвиди“, рече тој. „Подобро е да играме безбедно“.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ