• Latest
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025 15:33
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Таче се (по)јави. Вистина се (по)јави. По малку подзаборавениот поранешниот премиер и сегашен пратеник од редовите на опозициската СДСМ се појави во јавноста за да покаже дека сé уште е тука, постои.

Не, не излезе на собраниска говорница во одбрана на позицијата и напредокот во евроинтегративните процеси на Македонија од времето кога тој ја водеше Владата на земјава. Не, ниту одржа прес за да ги побие изјавите на Мицкоски дека во негово време биле девалвирани позициите за македонскиот идентитет и јазик во Брисел, ниту да му појасни на сегашниот премиер додека се пенави да покаже дека тој сега го брани македонскиот идентитет и јазик, дека истиот пред неговото доаѓање на власт и секојдневните провокации кон ЕУ и Бугарија, воопшто не беше доведен во прашање. Ниту се обиде да му го освежи памтењето на Мицкоски дека да не беа опструкциите од неговата, тогаш опозициска ВМРО-ДПМНЕ, со внесувањето на Бугарите во уставот сега ќе отваравме поглавја во преговорите како Албанија.

Не. Поранешниот премиер Димитар Ковачевски во понеделникот се појави на приемот во американската Амбасада по повод 4 Јули, Денот на независноста на САД. И уште се пофали на Фејсбук дека ја имал таа чест да биде поканет.

Ете, некој сé уште се сеќава на него, иако тој се труди да биде заборавен. Дури ни ВМРО-ДПМНЕ не го спомнуваат, иако катадневно ги спомнуваат сите претходни и сегашни функционери на СДСМ, од Заев, Филипче, Бисера, Цаци, па до најситните службеници поставени во тоа време. Додуша, спомнуваат од ДПМНЕ еден друг Ковачевски, поранешениот директор на ЕСМ, Васко, кој ќе го апсеа, ама им избега. Ама не и поранешниот премиер Ковачевски.

Инаку, поранешниот премиер одвреме навреме е активен на Фејсбук, додуша ретко, ама тогаш споделува објави за неговите учествува на  Економските состаноци на Екс-ан-Прованс, Франција (Les Rencontres Economiques d’Aix-en-Provence) во организација на Кругот на економисти од Франција; на пријателска работна средба со меѓупарламентарната група на Големото турско национално собрание за пријателство на Турција со Северна Македонија; на тркалезната маса во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје; на свечената академија по повод 80 години од основањето на Црвениот крст на РСМ, а бил и дел од Самитот Македонија 2025.

Без сомнение, многу силен политички ангажман и влијание, на што може да му позавиди и претседателката Сиљановска Давкова.


Текстот е личен став на Авторот
Tags: поранешниот премиер Димитар Ковачевскиприемот во американската Амбасада по повод 4 Јули
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ