• Latest

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026

Протести против насилството врз жените во Охрид и Скопје, обвинение за нападот во Битола – граѓаните бараат заштита и одговорност

November 21, 2026

Граѓански форум за викенд: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

November 21, 2026

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

Македонските студенти од дрвото на сопствените егзистенцијални барања не биле никогаш во некаква потенција да ја согледаат шумата на општата деструкција во општеството! Дали тоа ќе биде и сега случај? Но власта е банкрот и тоа е јасно на секој чекор. Не може да ги задоволи барање на ниту едно поле

November 22, 2026 12:27
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски

Во метеорологијата и поезијата обично затоплувањата како форма на промени во природата доаѓаат со јужниот ветер. Во политиката, барем во последната деценија, северецот е тој што ја руши предрасудата за стабилноста на политичките системи, засновани на авторитативни лидери. И тоа токму како што настана симетријата по вертикала на такви земји каде сите три форми на „владеење на народот“ – извршната власт, парламентите и судството цврсто ги држи кабинетот на еден владетел покажаа порозност и ненадејна нестабилност.

Јасно е дека таа појава ги изненади различните аналитичари и хроничари ама промашената „сеизмолошка“ безбедност највеќе ги изненади оние кои беа најмногу засегнати од промените – падна „гранитниот“ Орбан, неговиот северен сосед Фицо тешко се држи „во седло“, во Прага викендов на протести излегоа 400 илјади лица на протест што не се помни од „сомотската“ револуција пред 35 години. А конечно, се случи она што за нас е битно заради близина на епицентарот на потресот, во Белград со голем тресок е симнат од власта самодржачот Вучиќ. Да се поврзат сите овие земји не е неопходна само линејка – ликовите кои со часови се расонуваат пред огледалото, споменувајќи ги мантрите на „кралот-Сонце“ од версајските градини, логично сега имаат несоница.

Нема пари, проблемите се множат – ете пат за нервозни реакции на народот

Нервоза кај врвот на политичката позиција кај нас е секако видлива – било каков немир кај гласачката маса асоцира на вонредни настани кои потоа прераснуваат во бунт. Таа ситуација се задушува уште во стартот со сите можни инструменти. На овие нашиве имитатори на Вучиќ и неговата дружина сепак брзо им омалува финансиската сила, па не се во состојба ефикасно да ги држат уздите не само кон граѓаните туку и кон оние субјекти кои се битни во економијата, културата, правосудството, за војската да не говориме..

Немирите кои доаѓаат од студентите, јасно, пред се заради асоцијацијата на она што се случи во Србија последните две години Мицкоски ги смета за најопасни. Јасно, не треба да претеруваме: студентите кај нас давале  инерција во појавата на помасовни немири не тие просто не биле  прифатени кај респектабилен дел од населението. Во март 2009 година високошколците од Архитектонскиот се противеа на изградбата на нов храм во центарот на Скопје, но не добија асолна поддршка и просто беа оддувани од масата на силеџии кои јасно ги покажаа насоките кон оној центар што цело време ги организираше.

И воопшто, како ВМРО-ДПМНЕ да ги креираше столбовите на сопствената стабилност во хиерархијата на моќта не фрлаше погледи кон универзитетските кампуси. Кон крајот на мај 2010 година имаше средношколско-студентски протести кој ја покажа основната слабост на бунтовничкиот рефлекс на тукашниот народ – штом припека сонцето, сите мислат на плажите!

Студентите ја менуваат претставата за себе

Но, во декември 2014 година навистина се случи голема промена во претставата за студентите.  Потписникот на овие редови, одејќи од центарот на градот кон ТЦ Буњаковец мораше да стои можеби и цели 15-20 минути на тротоарот на улицата „Климент Охридски“: не можеше да помине заради долгата колона на студенти кои одеа од Ректоратот на УКИМ кон канцеларијата на нивната студентска, подопашкарска организација на власта, која се наоѓаше во приземјето на Студентскиот дом „Питу“.

Оние од долгата колона беа револтирани од пасивност на нивните „лидери“, избрани на начин кој беше повеќе од сомнителен а кои требаа да станат млади функционерчиња во рамки на Груевата ВМРО, тие не се јавија по повод измените на Законот за високо образование кои предвидуваше грубо мешање на државата односно партијата на власт во независноста на Универзитетот.

Илустративно – функционери надвор од образованието, кои како да дошле од нечиј маоистички учебник за перманентната револуција, требаа да можат да ја преоценуваат подобноста на наставниот кадар а секако и да ги подвргнуваат студентите на дополнителни, „аматерски“ испит кај повторувачите од средно, на пример.

Не маршираа тогаш само скопските студенти, туку и прилепските и битолските. Проценките за тоа колку имало протестанти беа различни – меѓу три илјади и 18.000. Се ангажираа приватни агенции да ги задржуваат средношколците да не бидат солидарни со постарите од себе кои се во високото образование; директорите правеа списоци на отсутни а посебна приказна беше држењето на некои професорки (меѓу нив и актуелната претседателката), кои иако во малцинство ги предадоа своите колеги.

Солидарност во регионот

Многу медиуми се „правеа на Тошо“ кога беше во прашање овој протест

Тој сепак доби силна поддршка и од невладиниот сектор а беше формиран и Студентски пленум, значи далеку опред она што ќе се случува во Белград од пред две години наназад! Постоеше солидарност меѓу студентите Македонци и Албанци. Поддршка стигна и од студентите од регионот.

Најпрвин студентското движење „За Универзитетот” од Тирана се солидаризираше со барањата на студентите во Македонија, порачувајќи им:

„Вашата кауза е наша кауза! Вашата борба е наша борба!“

Потоа и „Студентскиот фронт“ од Белград организираше митинг на поддршка на македонските суденти пред амбасадата на Република Македонија, под мотото:

„Да живее борбата на македонските студенти! Ние сме студенти, а не клиенти. Еден свет – една битка“.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристевски издадоа документ со кој се кодошеа актуелните професори на Универзитетите за наводен низок критериум при оценувањето. Но, на крајот, предложеното решение Никола Груевски го повлече и тоа беше можеби прв пат да си дозволи голем и секако за него и неговите болен исчекор назад. Просто како некаква лоша прогноза за неговите идни денови на владеење.

Задоволување со добиеното

Сепак, видливо беше дека студентите не вмешаа прсти тогаш кога кај нас се појави Шарената револуција, која ја сочинуваа граѓани, главно од интелектуалната сфера и голем дел од невладиниот сектор. Студентите цврсто ги држеа индексите во својот џеб и се задоволија со своја победа над диктаторот, но во тоа се гледаше лошиот здив на себичноста.

Одново, поводот за незадоволство беа потези на власта за масовно амнестирање која си ја дозволи тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, изгубен во времето во неговиот кабинет во претседателската палата на Водно. Јасно, тој никогаш не се прашувал себеси што сака во политиката, а слепо го извршуваше она што доаѓаше од Илинденска. И овие протести одново се судрија со истата болест – летото не е време кога треба да се задржи континуитет ниту под разно. Незадоволството од власта падна под… сонцобранот!

Веќе констатиравме дека факелот на бунтот кај нас го запалија студентите, но го предадоа на оние кои во тој миг ги поддржуваа. Исцепканиот континуитет некако требаше да се воспостави со т.н. бомби на првиот човек на СДСМ во тоа време, Зоран Заев, но зачудуваше успорената бунтовничка свест, и покрај очевидните, па и крвави изрази на самовластие на Груевски и неговата екипа.

Најсилниот протест дојде на 5 мај 2015 година, кога се објавија детали за убиството на младиот Мартин Нешковски, што ја покажа целата слика за организираниот од власта систем на најмрачни и неказнети пресметки. Всушност, и самиот судир со полицијата беше дел од сценариото на најмоќниот од сите насилници во земјата во тој миг – Сашо Мијалков.

Полицискиот кордон пред Владата, каде беа собрани протестантите божем се растури, под изговор дека на униформирани поединци таму „им се пријало бурек“, па многумина од незадоволниците помислија дека сега е моментот за напад на „Зимскиот дворец“. Помислија дека полицијата наводно се повлекува а во зградата остана „сама“ целата Влада. И … тогаш дојдоа специјални единици со посебна „механизација“ и судирот беше жесток и траеше до долго во ноќта.

Жежок мај пред 11 години

Некој ден потоа, на 9 мај 2015 година, кога во светот се одбележуваше 80-годишнина од победата на фашизмот дојде уште еден државнички дебакл, веројатно испланиран за да се покаже загрозеноста на земјата од постојаниот противник – албанскиот иредентизам. Дојде до пресметката на увезените терористи од Косово и силите за безбедност во Куманово кога загина голем број на полицајци. Под надворешен притисок дадоа оставки првите луѓе на безбедноста – Гордана Јанкуловска и Мијалков, но угледот на власта веќе го немаше пред народот.

Факелот на бунтот, зголемен со полициската бруталност, овој пат го презеде храбро СДСМ и на 17 мај таа година Скопје го виде најмасовниот протестен собир во неговата историја. Останатото го знаете.

Основот на ова набројување, можеби и предолго, лежи во фактот дека македонските студенти од дрвото на сопствените егзистенцијални барања не биле никогаш во некаква потенција да ја согледаат шумата на општата деструкција! Дали тоа ќе биде случај и сега? Па мириса на таква завршница: државата лесно би им го намирила нивното барање ако не е банкрот!

Платформата „Студентарија“, активната страна во последните превирања со сѐ уште млак интензитет очекува Министерството за образование да ги прифати нивните барања – студентите да добиваат надоместок за оброк од 200 денари дневно, да им биде платен дел од меѓуградскиот превоз и да имаат подобри услови во студентските домови. Реално, и оваа година го имаме истиот проблем како изминатите. Многу студенти беа одбиени за студентски субвенциониран оброк, затоа што студентските служби на факултетите навремено не го испратиле списокот на редовни студенти до Министерството за образование, изјави своевремено за „Телма“ Ангела Василевска, претседателка на универзитетското студентско собрание на УКИМ.

Министерката за образование, Весна Јаневска, пак, кажа дека е запознаена со студентските проблеми и ќе разгледаат што може да се направи.

„Пресметката сега кажува дека според стапката на инфлација студентскиот оброк треба да се зголеми само за седум денари. Значи тој би бил 147 денари. Иницијативата за зголемување на сумата е стигната до МОН. Ние веќе почнавме да размислуваме за промена на методологијата“, изјави министерката.

Министерката Јаневска и сликата за големата грижа за студентите

Таа е инаку ставена во функција на денфување на незадоволството на високошколците. Стратегијата е да се даде на јавноста на увид колку оваа влада се грижи за студентскиот стандард, па да се дојде до заклучокот дека студентите бараат преку леб – погача.

Најпрво се забрза отворањето на Студентскиот дом „Стив Наумов“ со 1.300 легла и навидум висок стандард за живеење во него. Факт е дека истиот се градеше долго, но се премолчува фактот дека изградбата на двата актуелни студентски домови е правен со странска инвестиција и тоа во вредност од 20 милиони евра!

Тоа го вклучува и влогот во студентскиот дом „Питу“ кој исто така го посети министерката, иако е тој далеку од сечење на лентата и тоа барем 3-4 месеци. Таа беше шминка-посета, за да се наполнат очите на оние кои гледаат вести. Но, при посета на студентскиот дом во изградба „Кузман Јосифовски – Питу“ Јаневска практично даде одговор на студентските барања со – отфрлање.

Во оваа вест неколку реченици само подоцна се редуцирани и тешко можете некаде да ги најдете што јасно говори за теледиригирано новинарство кај нас.

Ваквото завршување на операцијата „Дување во јогурт“ за власта секако не е најдобро, се оценило дента во штабот на црвено-црните па таа констатација е нешто како „пуј-пике – не важи“. Јаневска практично рече дека разликата меѓу она што го дава Владата за студентскиот оброк и она што студентите го бараат е толкава што со тие пари може да се изгради уште еден студентски дом! Дали е тоа така?

Некаде се троши енормно, некаде се штеди – власта нема усул

Јасно е дека оваа Влада нема никакви мерила за тоа што е нешто потребно и за што дава пари. Со што да се мери таа потрошувачка. Дали она групно патување во Њујорк на чело со премиерот, со брачни партнери и престој таму од 10 дена, веројатно со платени трошоци не ја чини оваа земја како „мајкино венчање“? Или дали полн авион во два правци не е мал трошок?

Можеме ли да правиме споредби какви има многу во овие две и пол години на владење на ВМРО-ДПМНЕ? Или како пример да го земеме судењето на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева која во приодот 2011-2015 година преку патни трошоци, според обвинението, остварила незаконит приход од 100.000 евра! Или за една година таа добивала 25 илјади евра, а имала станови во Скопје. Во цената на пресметката на трошоците, секако од периодот за кој е наведено во обвинението што го поднесе СЈО би влегле најмалку две дузини пратеници кои имале станови во главниот град.

Постапката се одолговлекуваше прилично долго, а дури во 2025 судот донесе неправосилна пресуда во прв степен! Не беше оспорена вредноста на издадените средства за Бонева, туку се спореше веродостојноста на поднесените докази (патарините) од страна на СЈО.

Ова е секако битно за нашата пресметка (одново да повториме дека е тоа пресметка по стара вредност за надоместоци од Собранието за пратеник), која инаку доведе до тоа ЦИВИЛ своевремено да поведе потпишување на петиција во рамки на трошењата во државниот апарат.  Заради цената на бензинот секако дека тој трошок по патување е сега многу зголемен.

Па сега студентите се одново во иста ситуација како и во претходните децении кога се работи за нивните барања – дали ќе останат загледани во дрвото што стои непосредно пред нивните очи или ќе прикажат смисла за една поширока општествена панорама. Исклучувањето на струјата во повеќето факултети и Ректоратот само покажува дел од вистината за земјата во која живеат и која може да промени само онака како што тоа се прави на вертикалата север-југ на која сме поставени.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ