• Latest

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

November 21, 2026

Ден на Достоинството и Слободата: патот на Украина кон демократијата и европската иднина

November 21, 2026

Случајот „Северен тек“: Хрватска пред тестот на правдата

November 21, 2026
Дел од колажот на ФБ страницата United against Trump 2.0

United against Trump 2.0: Од Хитлер, Мусолини и Хирохито до Трамп, Путин и Си – „Америка се движи наназад!“

November 20, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

Студенти и средношколци ширум Европа со протести против планот на ЕУ за зголемување на воените инвестиции

November 20, 2026
Кијив, 20 ноември 2026 (ДСНС)

Мостови, железница и домови под руски оган: Најмалку осум загинати во Кијив и Лвив

November 20, 2026

Една година локална власт: Што се смени во вашата општина?

November 20, 2026
Фотографија: Платформа Х/ Володимир Зеленски

Коалиција на подготвените: Вашингтон отворен за безбедносни гаранции за Украина слични на членот 5 од НАТО

November 20, 2026

Роман Шеремета: Средба меѓу воен злосторник, диктатор и губитник

November 20, 2026

Додека другите слетуваа со приватни и државни авиони на АПЕК, мексиканската претседателка одржа лекција по скромност и лидерство

November 20, 2026
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Украина го одбележува Денот на достоинството и слободата – ЦИВИЛ организира настан „Украина: Силна и слободна“

На 21 ноември, Украина одбележува еден од најзначајните датуми во својата понова историја. По тој повод, ЦИВИЛ, во соработка со Амбасадата на Украина во Северна Македонија, организира комеморативен настан со обраќања, тематска фотографска изложба и презентација на хуманитарна иницијатива.

November 21, 2026 12:51
in ГРАЃАНСКА, ЕВРОПА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА | 21 ноември 2026

Украина денеска, 21 ноември, го одбележува Денот на достоинството и слободата, посветен на храброста на украинските граѓанки и граѓани кои во два историски моменти се спротивставија на авторитаризмот и застанаа во одбрана на демократијата, човековите права и европската иднина на својата земја.

По тој повод, ЦИВИЛ – Центар за слобода, во соработка со Амбасадата на Украина во Северна Македонија, на 23 ноември организира посебен настан под наслов „УКРАИНА: СИЛНА И СЛОБОДНА“, со пораката „СЛОБОДА. ДОСТОИНСТВО. СОЛИДАРНОСТ.“

Настанот ќе опфати обраќања на претставници на украинската амбасада, граѓанското општество и украинската заедница, како и тематска фотографска изложба и презентација на хуманитарна иницијатива за поддршка на украинскиот народ.

Два историски моменти, една борба за слобода

Денот на достоинството и слободата е воспоставен со претседателски указ во 2014 година, во чест на два пресвртни историски настани: Портокаловата револуција во 2004 година и Револуцијата на достоинството, позната како Евромајдан, која започна на 21 ноември 2013 година.

Портокаловата револуција беше масовно демократско движење против изборните фалсификати и политичките злоупотреби. Девет години подоцна, одлуката на тогашната украинска власт да го запре процесот на приближување кон Европската Унија предизвика нов бран граѓански протести на плоштадот Мајдан во Кијив.

Протестите прераснаа во историска борба за достоинство, демократија и право на слободен избор. Насилното задушување на протестите однесе повеќе од сто животи, а загинатите останаа запаметени како Хероите на Небесната стотка.

Денес, историското значење на овој датум е уште посилно. Украинскиот народ ја продолжува борбата за слобода и независност, соочен со бруталната руска агресија, уништувањето на цивилната инфраструктура и огромните човечки страдања.

Од Мајдан до денешната борба за слобода

Фотографската изложба што ќе биде претставена на настанот во организација на ЦИВИЛ ќе ја поврзе историската Револуција на достоинството со современата украинска борба за опстанок, слобода и независност.

Посебно место ќе имаат човечките стории за храброста, жртвувањето, истрајноста и враќањето на украинските воени заробеници.

На настанот ќе биде претставена и хуманитарна иницијатива за помош на Украина, како потсетување дека солидарноста не завршува со зборови, туку бара конкретни дела.

Слободна и силна Украина е неразделен дел од визијата за мирна, демократска и безбедна Европа. Одбраната на човечкото достоинство, слободата и правото на самоопределување останува заедничка одговорност на демократските општества.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата и Вестминстерска алијанса за Украина им го честитаат Денот на достоинството и слободата на сите Украинки и Украинци, како и на сите слободољубиви луѓе во светот кои ја поддржуваат борбата на Украина за слобода.

ЦИВИЛ – Центар за слобода
Глобална иницијатива за одбрана на демократијата
Вестминстерска алијанса за Украина

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ