• Latest
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

November 19, 2026
Фотографија: Колаж/АП

Пораките на триото Си – Трамп – Путин од Шенжен

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кијив под целодневен руски терор: Загинати цивили и оштетени амбасади – Кримскиот мост повторно погоден

WGO – Воен извештај | 19 ноември 2026 | 1730-ти ден од руската инвазија со целосни размери

November 19, 2026 21:31
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ТОП 5
Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Кијив, 19 ноември 2026 (ДСНС)

Share on FacebookShare on Twitter

Руските напади врз Кијив продолжија од раните утрински часови и во текот на денот. Во попладневниот напад загина 26-годишен маж, а пет лица беа повредени, од кои четири се хоспитализирани, соопштија градските власти. Оштетени се станбени објекти, дипломатски претставништва и културно наследство.

Во Бучанскиот реон на Кијивската област, спасувачите го пронајдоа телото на жена под урнатините на делумно уништена куќа. Има и повредени жители.

Дир: Десет тревоги и експлозии во текот на денот

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на X соопшти дека до моментот на објавувањето воздушната тревога во Кијив се огласила десетпати:

„Од раните утрински часови рф систематски го напаѓа Кијив. Досега 10 пати се огласи воздушна тревога, експлозии одекнуваат во текот на денот. Има загинати. Во неколку делови од градот се оштетени објекти, меѓу кои и амбасадите на 🇳🇱 и 🇦🇹. Теророт на рф мора да наиде на решителен одговор.“

Нидерландскиот министер за надворешни работи Том Берендсен потврди помали оштетувања на амбасадата по удар зад зградата. Вработените се безбедни. Оштетување на австриската амбасада пријави и украинскиот министер Андриј Сибига, кој повика на решителна меѓународна реакција.

Остатоци од дрон паднаа и во кругот на украинското МНР. Во центарот на градот се оштетени прозорци на Володимирската катедрала, како и повеќе од десет автомобили.

Од раните утрински часови рф систематски го напаѓа Кијив.Досега 10пати се огласи воздушна тревога, експлозии одекнуваат во текот на денот. Има загинати. Во неколку делови од градот се оштетени објекти, меѓу кои и амбасадите на🇳🇱и🇦🇹.Теророт на рф мора да наиде на решителен одговор https://t.co/wnkmjPGIfz

— Larysa Dir (@dir_larysa) November 19, 2026

Напади врз енергетиката и населените места

Според украинските Воздухопловни сили, во ноќта кон 19 ноември Русија употребила ракети „Оникс“ и 98 дронови. До 08:00 часот по украинско време биле соборени или потиснати 69 дронови, а погодоци се регистрирани на 18 локации.

Во Чернихивската област се запали магацин со пченка. Во Миколаивската област, ударите врз енергетиката привремено оставија 99 населени места без струја. Оштетени се енергетски објекти и во Виничката и Одеската област. Во Харкив, во посебен денешен напад со дрон, се повредени пет лица.

На фронтот, украинскиот Генералштаб во утринскиот извештај пријави 211 борбени судири во претходното деноноќие, вклучително 17 руски напади на Покровскиот правец.

Кримскиот мост: Три напади за четири дена

По првиот удар на 16 ноември, во ноќта кон 17 ноември беше уништена една метална арка и патниот распон под неа, потврди украинската Служба за безбедност. Зеленски ја опиша операцијата како седма фаза од повеќенеделни подготовки. Снимките и фотографиите што ги провери Ројтерс го потврдуваат уривањето на централниот патен распон.

Во ноќта кон 19 ноември, украинските сили повторно го погодија мостот. Генералштабот потврди оштетување на железничката пруга со ракети „Нептун“.

Патниот и железничкиот сообраќај беше во прекин по уривањето на распонот. Инженерката Ингер Крун од данската компанија COWI за Ројтерс оцени дека замената на урнатиот патен распон и арката би можела да трае повеќе од една година. Практичната последица е нарушување на важна руска воена логистичка врска и закана за алтернативниот копнен коридор преку окупираниот украински југ. Украинското Министерство за одбрана нагласи дека мостот служи за транспорт на воени материјали.

Кримскиот, односно Керченскиот мост, долг околу 19 километри, ја поврзува Русија со окупираниот Крим преку Керченскиот Теснец. Изграден по руската окупација и нелегална анексија на полуостровот во 2014 година, патниот дел беше отворен во 2018, а патничкиот железнички сообраќај започна во 2019 година. Мостот има симболичко значење за Путин и важна улога во руското воено снабдување. Претходно беше сериозно оштетуван во украински операции во октомври 2022 и јули 2023 година.

WGO | ЦИВИЛ

Преглед според информациите достапни до 18:30 часот по средноевропско време.

 


Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ