• Latest
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
„Бољи живот“ - Лидија Вукичевиќ со јогурт на главата, Белград, 17 ноември 2026 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Вучиќ од вториот и третиот чин

November 18, 2026

Кремљовска мрежа ботови „Матрјошка“ поттикнува сепаратизам пред изборите во Шпанија

November 18, 2026
Големата сала во српскиот парламент (извор: parlament.gov.rs)

Србија: Вучиќ со 103-минутен говор ја претвори конститутивната седница во политичка пресметка – што се случи?

November 18, 2026
Еврокомесарката за проширување Марта Кос (photo: EC - Audiovisual Service)

Скандал: Српска националистичка песна на ЕУ форумот за проширување – што се случи?

November 17, 2026
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
Кијив, 17 ноември 2026 (ДСНС)

Руски ракетен напад врз два моста во Кијив – Украина бара прекин на огнот во Црното Море

November 17, 2026

Прва трилатерална средба на Џинпинг, Трамп и Путин во Шенжен

November 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

Претседателката тврди дека Северна Македонија е европски рекордер во уставни измени. Но, собраниските податоци и европските споредби го побиваат нејзиниот главен аргумент.

November 18, 2026 11:19
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала

На одбележувањето на 35-годишнината од донесувањето на Уставот, на 17 ноември 2026 година, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, професорка по уставно право, изнесе тврдење кое заслужува сериозна проверка.

„За 32 години, или за три децении, нашиот Устав доживеа дури 36 амандмани, во компаративното уставно право ние сме рекордер во измени на Уставот“, изјави таа пред пратениците.

Претседателката го отвори и прашањето за „уставниот патриотизам“, нагласувајќи дека од вкупно 36 амандмани, 15 биле иницирани однатре, додека во 21 случај посредувала меѓународната заедница.

Со тоа, една комплексна уставноправна и историска тема беше претворена во политички аргумент против новите уставни измени, во момент кога земјата е заглавена во процесот на интеграција во ЕУ.

Тврдењето за европски рекорд е неточно. Уште посериозна манипулација се состои во обидот бројот на амандмани да се претстави како доказ за прекумерно менување на Уставот, без соодветна споредба со европската уставна практика.

Уставот е менуван осум пати, со вкупно 36 амандмани

Од донесувањето на Уставот на 17 ноември 1991 година, Северна Македонија го изменила Уставот осум пати, при што се усвоени вкупно 36 уставни амандмани.

Тоа го потврдуваат официјалната евиденција на Собранието и истражувањето на Парламентарниот институт.

Што се уставни измени, а што уставни амандмани?

Во секојдневниот говор, двата поима често се употребуваат како синоними. Во уставноправна анализа, особено ако ја прави универзитетски професор по уставно право (!), потребно е да се направи разлика.

Уставни измени е поширок поим што може да се однесува на постапката за менување на Уставот, но и на промените во неговата содржина.

Уставните амандмани се конкретните правни акти, односно нормативни текстови преку кои се вршат тие промени. Со нив може да се изменат, дополнат или заменат постојни уставни одредби.

Членот 129 од Уставот утврдува дека Уставот се изменува и дополнува со уставни амандмани. Постапката е уредена со членот 131.

Една постапка за измена на Уставот може да резултира со усвојување еден или повеќе амандмани.

На пример, во 2019 година, во една постапка на менување на Уставот беа усвоени четири амандмани, од XXXIII до XXXVI. Во 2001 година, пак, во една постапка беа усвоени дури 15 амандмани, од IV до XVIII.

Оттука, мора да се разликуваат бројот на постапки со кои е менуван Уставот, бројот на усвоени амандмани и обемот на суштинските промени.

Ова не значи дека претседателката експлицитно тврди дека имало 36 одделни постапки. Таа зборува за 36 амандмани, но ги прикажува на начин што може да ја доведе јавноста во заблуда. Затоа, нејзиното тврдење за тоа дека „во компаративното уставно право ние сме рекордер во измени на Уставот“. Ова прашање бара методолошки јасно претставување, а тоа во изјавата на претседателката – го нема.

Хронологија: Што навистина се менувало?

ГодинаАмандманиСодржина / контекст
19922 (I–II)Гаранции за границите, отсуство на територијални претензии и немешање во внатрешните работи на други држави
19981 (III)Продолжување на максималното времетраење на притворот пред обвинение
200115 (IV–XVIII)Охридски рамковен договор, права на заедниците, употреба на јазиците, правична застапеност и двојно мнозинство
20031 (XIX)Тајност на комуникациите и услови за нејзино ограничување
200511 (XX–XXX)Реформи во судскиот систем, судскиот совет, изборот на судии и обвинителството
20091 (XXXI)Намалување на изборниот цензус во вториот круг од претседателските избори
20111 (XXXII)Услови за предавање сопствени државјани на друга држава
20194 (XXXIII–XXXVI)Спроведување на Преспанскиот договор, промена на уставното име и поврзани одредби

Вкупно: Осум постапки за менување на Уставот, 36 амандмани.

Хронологијата открива уште еден особено важен факт. Дури 26 од вкупно 36 амандмани, односно 72,2 проценти, биле усвоени во само две постапки – во 2001 и 2005 година.

Тоа не биле 26 одделни политички интервенции. Станува збор за две обемни уставни реформи, со различни причини, цели и политички околности.

Амандманите од 2001 година произлегоа од Охридскиот рамковен договор, со кој се надминуваше вооружениот конфликт и се создаваше нова институционална рамка за правата на заедниците.

Амандманите од 2005 година беа насочени кон судскиот систем, неговата организација и механизмите за избор и одговорност на судиите и обвинителите.

Но бројот на усвоени амандмани, сам по себе, не може да биде доказ дека Уставот е непримерно и прекумерно менуван. Едноставно е.

Европските податоци го демантираат тврдењето за рекорд

Во книгата „Белешки за македонскиот конституционализам – Концепт на Уставот од 1991“, објавена од ЦИВИЛ во 2023 година, проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски презентира споредбени податоци од истражувањето на Парламентарниот институт.

Табелата на страница 62 од книгата покажува дека, според тогаш расположливите податоци:

  • Германија го изменила Основниот закон 64 пати;
  • Швајцарија – 44 пати;
  • Холандија – повеќе од 40 пати;
  • Белгија и Грузија – повеќе од 30 пати;
  • Ирска – 32 пати;
  • Франција – 24 пати;
  • Словачка – 19 пати;
  • Северна Македонија – 8 пати.

Станува збор за историски пресек, а не за ажурирана ранг-листа за 2026 година. Дополнително, правните системи се разликуваат според техниките и постапките за менување на уставите. Затоа, овие податоци бараат внимателно споредување. Во секој случај, тие јасно покажуваат дека тврдењето за македонски европски рекорд не е одржливо.

Постои и понова, независна потврда од Германија. Според официјалната евиденција на германскиот Бундестаг, ажурирана на 11 јуни 2026 година, германскиот Основен закон бил менуван преку 69 закони за уставни измени, од неговото донесување во 1949 година.

Ова се закони за измени, а не поединечно преброени амандмански одредби, што е важна методолошка разлика. Но дури и со таа ограда, германскиот пример јасно ја побива тезата за некаков општ европски рекорд на Северна Македонија.

Уште поинтересен пример е Австрија. Во компаративната студија Parliaments and Constitutional Courts, објавена од австрискиот парламент во 2022 година, се наведува дека австрискиот федерален Устав бил менуван речиси секоја година од 2000 година наваму, а во одредени години и до шест пати.

Студијата предупредува дека бројот на измени не го покажува нужно нивниот вистински обем. Држава со голем број измени може суштински да промени многу малку, додека друга, со само една измена, може длабоко да го преуреди својот уставен систем. Уште поважни, честотата на уставните измени не мора да биде поврзана со квалитетот на Уставот.

Во компаративното уставно право, контекстот, содржината и последиците се многу поважни од голата статистика.

Затоа, од професорка по уставно право се очекува да прави токму таква разлика, а не да прогласува рекорди без да ги наведе критериумите за споредување.

Како 21 амандман станаа доказ за надворешно наметнување?

Вториот сериозен проблем во говорот на претседателката е политичкото толкување на уставната историја. Сиљановска-Давкова изјави дека 15 амандмани биле иницирани однатре, додека во 21 случај посредувала меѓународната заедница.

Аритметички, бројката 21 се совпаѓа со збирот на амандманите од 1992, 2001 и 2019 година: два, петнаесет и четири. Но без дополнително објаснување од претседателката, ова не може да се третира како потврдена методологија на нејзината поделба. Исто така, неспорно е дека уставните измени во тие години произлегоа од сосема различни историски процеси.

Во 1992 година, измените се однесуваа на границите и односите со соседните држави, во контекст на меѓународното признавање на независноста.

Во 2001 година, Охридскиот рамковен договор беше резултат на преговори со меѓународно посредување во услови на вооружен конфликт. Уставните амандмани што произлегоа од него овозможија значајни промени во правата на заедниците и во функционирањето на институциите.

Во 2019 година, измените произлегоа од Преспанскиот договор со Грција, со кој беше надминат речиси тридецениски спор за името. Тоа го отвори патот за членство во НАТО, остварено на 27 март 2020 година.

Овие процеси не се идентични ниту по нивните причини, ниту по политичката цена, ниту по последиците. Сосема е легитимно да се дискутира дали се работи за меѓународни притисоци и асиметрични условувања или за меѓународна асистенција при надминување на тешки состојби (војна) или спорови (името на државата). Може да се дискутира и за оправданоста на дипломатските компромиси и низа други поврзани прашања. Но едно мора да биде јасно – меѓународното посредување не може да се поистоветува со наметнување и диктат.

Уставните амандмани ги усвојува Собранието, во постапка утврдена со Уставот. Политичкиот притисок може да влијае врз одлуките, но не ја заменува уставната надлежност на домашните институции.

Уште помалку е оправдано уставните измени што ги унапредуваат правата на заедниците да се прикажуваат единствено како последица од туѓи барања или притисоци, без да се земат предвид потребите на оние што живеат во државата. Затоа, претседателката и професорка по уставно право својата аргументација ја става во националистичка рамка. Уставните измени се претставуваат првенствено како отстапки пред надворешен притисок, додека нивната демократска и општествена содржина се истиснува.

Уставните измени и европската интеграција: Што навистина е преземено како обврска?

Говорот на претседателката не може да се одвои од актуелното прашање за уставните измени поврзани со евроинтеграцијата. Во заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година е наведена определбата на Северна Македонија да ги спроведе релевантните уставни промени, со цел вклучување на граѓаните што се дел од други народи, како бугарскиот. Ова не е некое си неофицијално толкување, туку официјален документ на Советот на ЕУ!

Постои и уште поважен документ за оваа дебата. Во официјалната изјава на Владата на Северна Македонија на меѓувладината конференција од 19 јули 2022 година, во точката 15, тогашната Влада се согласува следната меѓувладина конференција, со која ќе се заокружи отворачката фаза на преговорите, да се одржи по стапувањето во сила на уставните измени. Уште позначајно, во истиот документ определбата за уставните измени е претставена како автентична иницијатива на граѓаните на Северна Македонија.

Тоа е официјална позиција на тогашната Влада. Не мора да значи дека во процесот немало надворешни притисоци, но секако покажува дека државата презела политичка обврска.

Според извештајот на Европската комисија за 2026 година, Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени за кои презела обврска.

Се разбира, претседателката има право да бара поголема извесност во преговарачкиот процес. И барањето на политичките лидери билатералните спорови да не се претворат во механизам за постојано блокирање на проширувањето е политички легитимно. Но таквите барања можат да се претворат и во популистичка реторика доколку не се придружени со конкретни дипломатски иницијативи, јасни политички решенија и подготвеност за исполнување на веќе преземените обврски.

Добрососедските односи и регионалната соработка се составен дел од условите на европскиот интеграциски процес, а не дополнителни барања измислени за притисок врз Северна Македонија. Европската унија со години инсистира на нив како суштински елементи на политиката на проширување, вклучително и на спроведување на билатералните договори во добра волја.

Тоа, секако, подразбира обврски и за соседните држави, а не само за Северна Македонија. Добрососедството мора да се темели на заемно почитување, рамноправност и европските вредности, а не на еднострани притисоци и условувања што излегуваат надвор од договорената рамка.

Но едно е да се бараат гаранции против нови блокади, а сосема друго е да се релативизира веќе преземена обврска со тврдења за наводен европски рекорд во менување на Уставот. Особено кога аргументот за „рекордот“ е носечки, а не издржува ни основна проверка на фактите.

Фрчкоски: Уставната архитектура не е загрозена

Во завршната нота од книгата објавена од ЦИВИЛ во 2023 година, Фрчкоски дава критички осврт на досегашните уставни измени. Тој не ги оправдува сите амандмани. Напротив, дел од нив ги оценува како неуспешни, а одредени решенија како регресивни од аспект на либералниот карактер на уставниот поредок.

Но неговиот суштински заклучок е дека ниту еден од амандманите не ја загрозил основната уставна архитектура. Според неговата анализа, Уставот од 1991 година успеал да ја заснова независната држава, да обезбеди основа за демократски институции и да ја задржи ориентацијата кон мултикултурна граѓанска демократија.

Ова е важна разлика во пристапот. Може сериозно да се критикуваат поединечни амандмани, а истовремено да се признае дека Уставот покажал капацитет да се приспособува на сложени општествени и политички околности.

Може да се бара стабилност на уставниот поредок без Уставот да се прогласува за недопирлив. И може да се разговара за надворешни притисоци без да се негира дека дел од реформите биле и се неопходни за демократскиот развој на државата.

Уставниот патриотизам не се мери со бројот на амандмани

Северна Македонија не страда поради тоа што има 36 уставни амандмани. Нејзините најтешки проблеми се слабостите во владеењето на правото, политичкото влијание врз институциите, корупцијата, неефикасното судство, недоволната одговорност на носителите на јавни функции и недоследната заштита на човековите права и слободи.

Устав што не се менува, но чии одредби систематски се игнорираат или прекршуваат, не е доказ за развиен уставен патриотизам. И обратно, Устав што се менува преку легитимна демократска постапка за да се унапредат правата, институциите и механизмите на демократска контрола, не станува помалку вреден поради самата промена.

Уставниот патриотизам не значи Уставот да се претвори во недопирлив национален симбол. Тој подразбира верност кон демократските принципи врз кои е изграден: човековите права, еднаквоста на граѓаните, владеењето на правото, поделбата на власта и одговорноста на институциите.

Проблематизирањето на тоа што Уставот бил менуван осум пати за 35 години е апсурдно. Останува отворено болното прашање зошто, по три и пол децении уставна демократија, толку многу од неговите основни вредности остануваат неостварени во секојдневниот живот на граѓаните.

За жал, претседателката, која е и професорка по уставно право, од највисоката државна функција ја користи уставната статистика за аргументација што ја зајакнува националистичката реторика, наместо да ја отвори потребната расправа за квалитетот на демократијата и спроведувањето на Уставот. Притоа, не прави јасна разлика меѓу бројот на амандмани и бројот на уставни измени, изоставува суштински компаративни податоци и изнесува неточни заклучоци што лесно можат да се проверат дури и без стручни познавања од уставното право.

Значи…

Уставот не е проблемот. Проблемот е политичката злоупотреба на неговата историја и на неговите вредности.

 


ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


НАПОМЕНА НА РЕДАКЦИЈАТА: Овој текст е авторски став. Изнесените мислења, оценки и заклучоци се лични ставови на авторот и не мора да ги одразуваат ставовите на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА или официјалните позиции на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Авторските ставови се објавуваат во согласност со принципите на слободата на изразување и редакциските стандарди за професионално и одговорно новинарство.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Tags: Гордана Силјановска-ДавковаМанипулацијанационализампроверка на фактиуставен патриотизамуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ