Американската амбасада во Босна и Херцеговина денеска соопшти дека Уставниот суд на БиХ во неколку пресуди јасно укажал дека одбележувањето на Денот на Република Српска на 9 јануари е противуставно.
„Проблемот не е во прославата на празникот, туку во одлуката за негово празнување на 9 јануари. Поврзувањето на тоа празнување со православен верски празник е спротивно на неколку одредби од уставот на Босна и Херцеговина, кои забрануваат дискриминација. Тоа е прашање на закон, а не нечие мислење“, се нагласува во соопштението во оое се додава дека членот 3 од Дејтонскиот устав пропишува дека ентитетите мора целосно да ги почитуваат одлуките на институциите на БиХ, вклучително и конечните и обврзувачки пресуди на Уставниот суд на БиХ.
Во соопштението оа американската амбасада во Сараево уште се наведува дека непочитувањето на пресудите на Уставниот суд на БиХ претставува кривично дело.