• Latest

Американската бура во македонскиот песок

February 16, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
Фото: Скриншот

Хамас се согласува да ги ослободи израелските заложници, но бара измени во мировниот план на САД за Газа

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Американската бура во македонскиот песок

Декретите на претседателот Трамп ги оставија на суво пораките на американските амбасадори за борба против корупцијата во Македонија. Трамп им дозволи на фирмите да поткупуваат странски функционери.

February 16, 2025 11:36
in ПОЛИТИКА, СВЕТ, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУПЧО ПОПОВСКИ

Само пред два месеци тоа изгледаше како бомба чии шрапнели уште долго ќе летаат низ македонската политика. Артан Груби, тој најдоверлив аѓутант на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше ставен на црната листа на Америка поради корупција. Во одлуката беше наведено дека назначувањето на листата било поради тоа што тој и апелацискиот судија Енвер Беџети биле во некаков комплот за спас на Сашо Мијалков од судските прогони.

Амбасадорката Анџела Агелер  во интервју за „Слободен печат“ рече дека за неа не било изненадување што Груби се нашол на списокот. „Воопшто не бев изненадена. Бев многу задоволна“.

Тоа беше еден месец по изборите на кои победи  Доналд Трамп, но претседател на САД сѐ уште беше Џо Бајден. По 20 јануари целата американска политика се преврте наопаку. Светилникот што изгледаше незгаслив за демократијата сега емитува други сигнали. Амбасадорката Агелер ја снема од јавниот живот во Македонија во којшто беше екстензивно присутна. Не само таа, туку и другите американски амбасадори во Европа молчат, речиси и да не се појавуваат во јавност, како да се во некое самопрогонство. И го чекаат стивнувањето на бурата и новите насоки од Стејт департментот. Ако има такви и ако воопшто стивне бурата во наредните неколку месеци. Колегите на Агелер од Белград и Софија веќе се повлекоа. Има едно правило во американската политика – сите амбасадори кога ќе дојде нов претседател да ја депонираат својата оставка. Некои од тие оставки ќе бидат прифатени, некои не.

А што би кажала Агелер за почитувањето на институциите, владеењето на правото, одговорноста на обвинителите и судиите да се раководат од законите а не од политичките интереси. Само би се заплеткала во одговорите за нешто што не е одговорна, ниту пак може да најде зборови како да го оправда мешањето на извршната власт во сите сфери на американското општество, како што тоа го прави Трамп со стотиците извршни наредби што досега ги потпиша. А Конгресот уште не расправал за ниту еден закон.

Што би одговорила ако, на пример, биде прашана, за Род Благоевиќ, поранешниот гувернер на Илиноис, кого Трамп пред пет дена целосно го помилува. Благоевиќ, кој има српско потекло од татко му, на времето беше влијателен член на демократите. Тој беше осуден во 2011 година по обвиненијата кои вклучуваа обид за продажба на испразнетото место во Сенатот што го имаше Барак Обама откако беше избран за претседател, како и под обвинение за изнуда од една детска болница во Чикаго.

Благоевиќ беше осуден по 17 федерални обвиненија за корупција во 2011 година. Toj беше отповикан со огромно гласање на законодавниот дом на Илиноис. Благоевиќ беше осуден на 14 години затвор и отслужи осум години пред Трамп да му ја ублажи казната пред пет години. Благоевиќ остана на тврдењето за својата невиност и ги обвини федералните обвинители за спроведување на политички мотивирано гонење. Некогаш влијателен демократ, Благоевиќ сега се нарекува себеси „трампократ“ и собра пари за кандидатурата за реизбор на Трамп. Сега е меѓу најсериозните кандидати за амбасадор во Србија.

„Најодвратното злосторство“

Што би можела да каже и за именувањето за амбасадор во Франција на Чарлс Кушнер, татко на неговиот зет за ќерката Иванка, Џаред Кушнер. „Тој е феноменален бизнис лидер, филантроп и склучувач на договори, кој ќе биде силен застапник што ќе ја претставува нашата земја и нејзините интереси“, напиша Трамп во објавата на „Truth Social”.

Чарлс Кушнер, кој работеше во истиот бизнис со претседателот,  развивач на недвижнини, беше помилуван од Трамп во 2020 година по пресудата во 2005 година по федерални обвиненија. Познатиот Крис Кристи, кој го водеше случајот како обвинител на Њу Џерси, во 2019 година рече дека Кушнер извршил „едно од најодвратните злосторства“ што ги гонел.

Кушнер, кој во тоа време беше под истрага за давање нелегални придонеси во кампањата, го таргетираше неговиот зет Вилијам Шулдер, кој стана сведок на федералните обвинители во нивниот случај против демократски донатор. Како дел од заговорот, Кушнер ангажирал проститутка за да го намами Шулдер да има секс во мотел додека сето се снимало со скриена камера. Потоа, снимката од средбата била испратена до сестрата на Кушнер, која е сопругата на Шулдер. На крајот, трикот за заплашување не успеа, а сестрата се сврте против Кушнер.

Кушнер се изјасни за виновен во 2005 година по 16 точки од обвинението за затајување данок, една точка за одмазда на федерален сведок и друга точка за лажење на Федералната изборна комисија. Тој беше осуден на две години затвор. Навистина, „феноменален бизнис лидер и филантроп“, како што вели Трамп, кој ѝ напакости на својата сестра, го местеше зетот со проститутка.

Или може да одговори на тоа како судството е независно во случајот со градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Градоначалникот на Њујорк има огромна моќ, поголема од гувернерите на повеќето американски држави. Пред неколку дена Министерството за правда им наложи на обвинителите од Њујорк да се откажат од случајот против Адамс, кој беше обвинет за примање незаконски придонеси во кампањата и поткуп за бесплатно или патувања со попуст на луѓе кои сакале да го купат неговото влијание.

Вршителот на должноста заменик-државен обвинител Емил Бове (претходно адвокат на Трамп) во понеделникот со меморандум им наложи на обвинителите дека случајот треба да се отфрли за да може Адамс, кој е демократ, да помогне во антимиграциската програма на Трамп.

Некои од обвинителите имаат професионални доблести. Највисокиот федерален обвинител на Менхетен, републиканката Даниел Сасун, во еден пркосен професионален гест во четвртокот поднесе оставка наместо да ја почитува наредбата на Министерството за правда да се откаже од обвиненијата за корупција против Ерик Адамс. Сасун, конзервативна републиканка, беше именувана за вршител на должноста федерален обвинител на 21 јануари, ден по заклетвата на Трамп. Канцеларијата што таа ја водеше до четврток е меѓу најголемите и најистакнатите обвинителства во САД, со долгогодишно искуство во справувањето со малверзациите на Волстрит, политичката корупција и меѓународниот тероризам. Оставки поднесоа и уште двајца високи обвинители во дистриктот Менхетен. Одлуката на Министерството за правда да го затвори случајот поради политички математики, а поради слабоста на доказите, вознемири некои обвинители од кариера кои рекоа дека тоа е отстапување од долгогодишните норми.

Комплицирани работи на кои е тешко да се даде одговор. Не дека Анџела Агелер е виновна за тоа, но треба да дава објаснувања за работи против кои зборуваше овде во последниве две и пол години, а нејзината нова влада сега ги прави нив со забрзано темпо.

Корумпирај за да направиш бизнис

Тоа се навистина проблеми. Но има уште поголеми со кои Америка наеднаш се соочи како крстоносец на  борбата против корупцијата на глобално ниво.

Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба со која му наложува на Министерство за правда да го запре гонењето на Американците обвинети за поткупување странски владини претставници за да добијат бизнис.

Наредбата ѝ дава инструкции на американската државна обвинителка, Пем Бонди, да го паузира гонењето според Законот за странски коруптивни практики (ФЦПА) од 1977 година додека таа не издаде ревидирани упатства за промовирање на американската конкурентност. Законот им забранува на луѓето или компаниите кои работат во САД да даваат пари или подароци на странски службеници за да добијат или да задржат зделки во странски земји. Законот не налага митото да било платено, туку се гони и кога било понудено. Казната е затвор до 20 години, а компаниите се соочуваат со парични казни двојно повеќе од нивниот профит од незаконскиот договор. Тоа често значеше казни во стотици милиони долари, понекогаш и милијарди.

„Транспаренси интернешнел“ рече дека ФЦПА ги направи Соединетите Држави лидер во справувањето со глобалната корупција. Извршната наредба на Трамп „ја намалува – и може да го отвори патот за целосно елиминирање – круната во борбата на САД против глобалната корупција“, рече Гери Калман, извршен директор на „Транспаренси интернешенел САД“.

„Звучи добро на хартија, но практично, тоа е катастрофа“, рече Трамп додека потпишуваше извршна наредба за замрзнување на спроведувањето на законот. „Тоа ќе значи многу повеќе бизнис за Америка“.

Последиците би можеле да бидат драматични, во зависност од следниот потег на Трамп.

Ако тој прекине многу гонење, во суштина оцрнувајќи го законот, тоа би можело да им помогне на американските бизниси да добијат зделки со странство. Но, тоа, исто така, може да го наруши имиџот на Америка, да им дозволи на  корумпираните автократи  кои владеат со сиромашните луѓе да станат уште побогати и да ги наведат Франција, Британија, Јапонија и другите богати земји да ги ослабат сопствените закони против поткуп за да можат и нивните компании да вршат коруптивни плаќања.

„Се соочуваме со ситуација на Дивиот Запад“, вели Марк Пит, професор по кривично право на Универзитетот во Базел во Швајцарија и експерт за право против поткуп. „Ќе биде секој против секого“.

Во претходните случаи во кои беше применуван законот беа вклучени банката Голдман Сакс и рударскиот гигант „Гленкор“. Во 2020 година, Голдман Сакс се согласи да плати речиси 3 милијарди долари за да стави крај на истрагата за нејзината улога во корупцискиот скандал 1МДБ во Малезија. Малезиската подружница на Голдман Сакс пред американскиот суд призна дека платила повеќе од 1 милијарда долари мито за да добие работа за собирање пари за малезискиот државен фонд.

Во 2022 година, швајцарската рударска компанија „Гленкор“ рече дека ќе плати 180 милиони долари на Демократска Република Конго за да ги подмири побарувањата за корупција.

Потпретседателот Џеј Ди Венс во интервју од пред десетина дена за Еј-Би-Си изјави:

„Претседателот треба да може да ја води владата како што мисли дека треба. Така функционира уставот. Тоа беше премногу спречувано од начинот на кој функционираше нашата бирократија во изминатите 15 години“.

Значи, ако претседателот смета дека со укинувањето на законот за спречување корупција тоа ќе значи „многу повеќе бизнис за Америка“, зарем не би требало да се сомневаме оти американските бизнисмени кои дојдоа на разговор во македонската влада со идеи за инвестирање во енергетиката и дигиталната инфраструктура би можеле да понудат поткуп до официјалните македонски лица за да ги добијат зделките. И американскиот закон за тоа да не ги гони. Според Трамп, тоа би била добра работа за Америка. Навистина, барем засега, ништо веќе не исто. Како што и пораките и на оваа амбасадорка и тие пред неа за борба против корупцијата и ослободување на судството од политичките стеги сега изгледаат passé.


Текстот е личен став на Авторот, преземено од Дојче Веле.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ