• Latest
bty

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

May 21, 2018
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Анѓушев и Тевдовски оптимисти дека ќе се реализираат капиталните инвестиции

May 21, 2018 14:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
bty

bty

Share on FacebookShare on Twitter

Потребно е да се најде компромис помеѓу доброто управување со јавните финасии од една страна, и пуштањето на финасиските текови во оптек и заживување на економијата во делот на капиталните инвестиции од друга страна, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев пред официјалното започнување на јавната дебата „Економски разговори-јавните финансии на крстопат“ на Економскиот факултет во Скопје. 

– Мора да реализираме проекти што се физибилни и ќе поттикнуваат дополнителна додадена вредност и инвестиции, а не смееме да трошиме пари на проекти што не генерираат натамошни дополнителни приходи. Само на тој начин брзо може да се дојде до ефекти, изјави Анѓушев, нагласувајќи дека се важни ефектите од јавното трошење.

Вицепремиерот прецизира дека во Буџетот за годинава се предвидени околу 400 милиони евра за капитални инвестиции што ќе се реализираат во разни министерства, но додаде дека поголемиот дел од ваквите инвестиции се во државните претпријатија преку кои се реализираат автопатиштата, железницата кон Бугарија, реконструкции на патишта,  енергетски проекти,…

– Факт е дека тие инвестиции во Буџетот слабо се реализираат на почетокот на годинава поради неподготвени проекти и неефикасни тендерски постапки. Во април и мај посветено работевме за нивна реализација и на завршетокот на вториот квартал ќе се види дека тие се повисоки. Оптимист сум дека капиталните инвестиции во Буџетот до крајот на годинава ќе бидат реализирани над 80 отсто и дека ќе биде реализирано она што беше предвидено, рече Анѓушев.

 

Министерот за финасии Драган Тевдовски посочи дека се прави секојдневен притисок за реализирање на капиталните инвестиции.

– Мислам дека веќе ќе почнеме да имаме резултати во поглед на нивната реализација. Оптимист сум бидејќи минатата година најголем дел од капиталните инвестиции беа реализирани во последниот квартал и тогаш успеавме да оствариме највисоко ниво на нивна реализација од околу 20 милијарди денари, рече Тевдовски.

Академик Таки Фити посочи дека во земјава има многу ниска ефикасност на јавната потрошувачка  мерена според ефектите што ги дава врз Бруто домашниот производ, односно врз динамиката и квалитетот на  економскиот раст и развој.

– Истражување во рамките на МАНУ покажува дека фискалните мултипликатори што се индикатор за ефикасноста во Република Македонија се мали, главно под  еден, а добар дел од нив се со негативен предзнак. Две работи се клучни за подобрување на состојбата – промена на структурата на јавната потрошувачка со фокус на капиталните  расходи и изградба на крупни инфраструктурни  објекти и втората која е врзана со одржливоста на јавниот долг, изјави Фити.

Посочи дека капиталните инвестиции се извонредно значајни и додаде дека треба да бидат приоритет и нагласи дека Министерството за финасии и другите владини институции треба  да градат капацитети за добро менаџирење на капиталните инвестиции.

– Едно е да се планираат капиталните инвестиции, а друго е да се реализираат. Секогаш има проблем со нивната реализација,  бидејќи немаме доволно способност во јавната администрација за менаџиирање на капитални инвестиции. Потребни се добри физибилити студии и однапред да се предвидат низа работи во проектите кои можат да ги пролонгираат и поскапуваат како што се регулацијата на имотно-правните односи, еколошките проблеми и заштита на археолошките наоѓалишта покрај трасите што придонесува да не се реализираат со предвидената динамика, потенцира Фити.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ