• Latest

Анализа на Скај Њуз за четирите главни воени цели на Русија

April 22, 2022
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Анализа на Скај Њуз за четирите главни воени цели на Русија

April 22, 2022 18:41
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Дописникот на Скај Њуз објави анализа за целите на Русија во однос на „специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува инвазијата на Украина. Имено, високиот командант на руската армија Рустам Минекаев денеска изјави дека втората фаза од руската операција има четири главни цели. Тоа се: Целосна контрола над Донбас; Создавање копнен коридор кон Крим; Блокада на украинските пристаништа на Црното Море и Контрола над јужна Украина и отворање на патот кон Придњестровје, пренесува МИА:

Британскиот новинар потсетува дека западните аналитичари веќе извесно време велат дека овој сет цели е сосема очигледен, при што третата точка би вклучувала нов обид за освојување на Киев. Имено, западните функционери продолжуваат да тврдат дека првичната цел на Путин – да ја собори украинската влада предводена од претседателот Володомир Зеленски, а доколку е потребно и со сила, останува главната цел на инвазијата.

Дописникот на Скај Њуз вели дека е „интересно и изненадувачки“ што Кремљ се чувствува толку самоуверен што јавно ги објавил своите намери. Нема повеќе глупости како „немаме никаква намера да ја нападнеме Украина“, како што слушнавме на почетокот на февруари, потсетува тој.

„Сега имаме сè црно на бело – окупација на крајн иот исток, опкружување на градовите на Црното Море и поаѓање кон запад. Вистинското прашање е – дали Молдавија може да биде следната цел на војската на Путин?“, се наведува во анализата.

Четвртата точка од рускиот план е најинтересна. Имено, Придњестровје е територија на Молдавија под директна или индиректна контрола на Русија. Се граничи со Украина и сочинува околу 12 отсто од територијата на Молдавија. Знамето на Придњестровје се уште има срп и чекан, а на таа територија се и единиците на руската армија, пишува Скај Њуз.

Според Уставот, Молдавија е неутрална, нема функционална војска, како ни заштита од Европската Унија или НАТО. Нејзината ранливост е очигледна, се наведува во анализата.

Но, она што Путин мисли и она што Путин може да го направи се две различни работи. Имено, првата фаза од војната беше целосна катастрофа за Русија и резултираше со понижувачко бегство од северот на Украина, потсетува новинарот на Скај Њуз. Втората фаза ја спроведува прегрупирана и повторно вооружена руска армија на истокот од земјата. Под новиот командант, тоа би можело да биде многу подобра борбена сила, оценува новинарот.

Но, во исто време, во тек е голема западна операција за вооружување на украинската армија. Само САД ветија два пакети оружје од 800 милиони долари за две недели.

Успехот во Донбас е клучен за Украина. Но, борбите за окупираните пристанишни градови на југот на земјата се исто така жестоки, а Русија сака да создаде копнен коридор кон Придњестровје.

Ако Русија биде успешна на југ, или ако успеат да го создадат тој коридор, ќе има егзистенцијална закана за Молдавија, заклучува новинарот на Скај Њуз.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ