• Latest

Ангеловска-Бежоска: Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра

July 9, 2024
Hungry child in Gaza - Image by Anadolu Agency

УНИЦЕФ: Кризата со горивото ја продлабочува секојдневната борба за семејствата, доколку не се прекине блокадата на горивата во Газа, децата ќе умираат од жед

June 21, 2025
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025

Турските влечни хаубици БОРАН испорачани во Македонија

June 21, 2025

Седум новинари осудени во најновата шокантна акција против слободата на говорот во Азербејџан; Амнести интернешнл ја повика меѓународната заедница да извршои притисок врз азербејџанските власти

June 21, 2025

САД го зголемува воздушното присуство околу Блискиот Исток како припрема за евентуално вклучување во израелско-иранскиот конфликт

June 21, 2025

Про-палестинскиот активист Калил Махмуд од Универзитетот Колумбија ослободен од имиграцискиот затвор по три месеци

June 21, 2025

Албанската политичка сцена во Македонија се престројува пред изборите – нови сојузи, стари ривалства

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC news Australia

Десетици баратели на помош меѓу 82-те лица убиени во израелските напади врз Газа вчера; На децата им се заканува смрт од жед

June 21, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Ирански ракетен напад на Тел Авив. Фото: Скриншот, Ал Џезира

Иран и Израел разменија нови напади откако Техеран ги отфрли нуклеарните преговори

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Со приклучувањето кон СЕПА до поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра

July 9, 2024 09:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка се подготвува до Европскиот совет за плаќања да ја поднесе апликацијата за пристапување на земјава во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА што ќе им овозможи на граѓаните и компаниите да добијат поевтини и побрзи прекугранични плаќања во евра.

СЕПА е иницијатива на Европската банкарска и платежна индустрија претставувана од Европскиот совет за плаќања, поддржана од Европската комисија и другите институции на Европската Унија (ЕУ) и Евросистемот, за зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и продлабочување на заедничкиот европски пазар.

Граѓаните и фирмите од земјите членки можат да вршат безготовински плаќања во евра, преку кредитни трансфери, вклучувајќи и инстант плаќања и директни задолжувања во било која земја-членка на СЕПА на брз, безбеден и ефикасен начин и по исти трошоци како и домашните плаќања.

Со пристапувањето на земјава кон СЕПА, граѓаните и компаниите ќе имаат помали трошоци за прекуграничните трансакции коишто ќе можат да ги извршат во рок од еден работен ден, а кај инстант плаќањата, преносот на парични средства ќе се извршува за најмногу 10 секунди во било кое време од денот, за викенди и за празници.

– За граѓаните и претпријатијата, придружувањето кон СЕПА ќе значи пред сѐ, поевтин, побрз, безбеден, едноставен и ефикасен начин (еднаков на националните плаќања) за безготовински плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА. Клучна придобивка е очекуваното значајно намалување на трошоците за прекуграничните трансакции со овие земји, што е особено значајно за дознаките од иселениците и лицата на привремена работа во странство, кои се важни за македонската економија. Стандардизираните регулативи кои се применуваат во СЕПА придонесуваат и за повисоки нивоа на заштита на потрошувачите и транспарентност, обезбедувајќи еднаков приод кон сите даватели на платежни услуги и по конкурентски цени, појаснува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за МИА.

Со пристапувањето кон СЕПА, домашните банки ќе станат директни учесници во платните системи кои функционираат во СЕПА што практично значи дека ќе се избегнат т.н. комплексни коресподетни аранжмани што сега ги имаат банките, што пак ќе услови поевтин и побрз пренос на паричните средства. Поточно, сега банките имаат отворено т.н. коресподентски сметки во странските банки на кои чуваат ликвидни средства и во случај кога клиентот сака да направи трансфер на средства на некој примач во странство, преносот на финансиски средства се врши токму од овие сметки доколку примачот има сметка во таа странска банка. Но, честопати примачите се со сметки во банка различна од коресподентната, поради што таа банка ги користи своите коресподентски односи со други банки за пренос на паричните средства до крајниот примач.

– Ова условува потреба од постојано одржување на високо ликвидни средства од страна на банките, кои што вообичаено не се предмет на некаков надоместок, но исто така и повеќе време и трошоци на банките за реализација на плаќањето, а со сето тоа и повисоки трошоци за граѓаните и компаниите, истакнува Ангеловска- Бежоска.

За компаниите, СЕПА ќе значи зајакнат пристап до пазарот во ЕУ, бидејќи полесно ќе можат да се вклучат во прекуграничната трговија со стоки и услуги во земјите од СЕПА областа. Ефикасноста на плаќањата во СЕПА областа го намалува и користењето на готовина, промовирајќи ја употребата на дигиталните начини на плаќање и поддржувајќи ја транзицијата кон дигитално општество.

– Економските текови на нашата земја се силно поврзани со членките на СЕПА. Над две третини (71 проценти) од вредноста на вкупната надворешна трговија на земјата во 2023 година е реализирана со членките на СЕПА, достигнувајќи 101 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Најголем број од плаќањата на нашата држава со другите земји се извршуваат во евра. Во 2023 година преку домашните банки 87 проценти од вкупните одливни плаќања, односно 77 проценти од вкупните приливни плаќања со другите држави, се извршени во евра. Со приклучувањето кон СЕПА процедурата за овие плаќања ќе се поедностави и скрати, а со тоа и ќе се намалат трошоците за граѓаните и фирмите, нагласува Ангеловска-Бежоска.

Поднесувањето на апликацијата за пристапување кон СЕПА, според Народната банка, е историски чекор за земјава, кој ќе обезбеди нови, подобри услови за меѓународна соработка, трговија и инвестиции, објави МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ