Националните анкети во моментов покажуваат дека Камала Харис води пред Доналд Трамп за еден процентен поен – 48% наспроти 47%.
Има добра причина да се биде внимателен во врска со анкетите, бидејќи тие ја потцениле поддршката за Трамп на последните два избори – при што грешката на националните анкети во 2020 година е најголема во последните 40 години, пренесуваб Би-би-си.
Националните анкети, исто така, не ја кажуваат целата приказна, имајќи предвид дека системот на изборен колеџ значи дека само неколку клучни држави – кои изгледаат спремни да одат во било која насока на овие избори – веројатно ќе го одлучат исходот.
Трамп има мало водство во клучните сојузни држави Аризона, Џорџија, Невада, Северна Каролина и Пенсилванија.
Во двете други држави – Мичиген и Висконсин – Харис водеше од почетокот на август, понекогаш и со два или три поени, но анкетите значително се затегнаа.
Важно е да се гледаат анкетите како показатели за расположението на јавноста, наместо прецизен начин да се предвидат изборните резултати.
Исто така, важно е да се запамети дека поединечните анкети што се користат за создавање на овие просеци имаат маргина на грешка од околу три до четири процентни поени, така што секој од кандидатите би можел да работи подобро или полошо отколку што покажуваат бројките во моментов.