На 28 април, во сабота, на Школка во Градски парк ќе се одржи настан посветен на децата со аутизам. По тој повод пред камерата на ЦИВИЛ Медиа зборува Денис Јанкуловски, активист, борец за човекови права и еден од организаторите.
„Мотото на настанот е ‘Да растеме заедно’, а неговата цел, како што е и впрочем целта на месец април, како месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот“, вели Јанкуловски.
„На настанот ќе учествуваат многу уметници: Мијата, Игор Узунов, момците од Fuzz Buble, ди џеј ќе биде Александар Матовски – Цако, танчери од Dancers United коишто се со Даунов синдром, Снежана Матовска ќе учествува со свој рецитал посветен на децата со аутизам. Тоа е тоа што ќе се одвива на сцената, а околу неа ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи на едно девојче со аутизам. Ние ќе се бориме секојдневно. Ова е само забавниот дел од целата приказна. Понатаму сакаме да настапиме со поозбилни теми, поорганизирани, особено кон институциите за да ја смениме целосната приказна и слика за овие лица“, вели Јанкуловски.
Пораката на овој настан е дека децата со аутизам треба да бидат целосно вклучени!
Разговорот го води: Војо Цветановски
Обработка на текст: Маја Ивановска
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов