• Latest

Апел од жителите на улицата Лазар Димитров – заложници на Општина Кисела Вода

October 16, 2019

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Апел од жителите на улицата Лазар Димитров – заложници на Општина Кисела Вода

October 16, 2019 11:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите од улицата Лазар Димитров, населба 11 Октомври, Општина Кисела Вода упатија апел и јавен повик до општината да им одговорат на неколку прашања и конечно да го довршат тоа што го почнале – асфалтирање на нивната улица.

Како што известуваат, пред повеќе од два месеци општината одлучила да ја асфалтира улицата, која со години била руинирана. Но, по извесно време работите запреле.

Улица „Лазар Димитров“, населба 11 Октомври, општина Кисела Вода

„Процесот на работа одеше многу споро. На терен работниците доаѓаа само по 5 часови на ден. Во неколку наврати по 10тина денови воопшто не се работеше на улицата кон нејзина комплетна санација. Во меѓувреме, Водовод и Канализација агилно и навремено ги завршија интервенциите во нивен домен.

И еве по повеќе од два месеци, граѓаните од Кисела Вода живеат во заложништво на општината. Ниту едно од семејствата, не е во можност да влезе со својот автомобил до своите домови. Станува збор за повеќе од 50 куќи, а што е уште позастрашувачки, во случај на ненадеен пожар, противпожарно возило нема да може да се пробие, уште помалку амбулатно возило во случај на итна помош. На оваа улица живеат и повозрасни луѓе, кои не можат да се пробијат ниту до најблискиот маркет. Луѓето живеат како заробеници во своите домови повеќе од два месеци. Па затоа прашуваме, има ли Кисела Вода градоначалник?!“, се вели во дописот на жителите.

Тие известуваат дека неофицијално, добиле информација дека општината најверојатно во меѓувреме го потрошила буџетот на асфалтирање други улици, па затоа не може да ја финализира оваа улица.

„Го прашуваме градоначалникот Филип Темелковски: Зошто тогаш воопшто се нафатија да ја демолираат и комплетно раскопаат улицата, ако немаат испланирано буџет да ја финализираат?!

Па затоа апелираме за помош до Вас ценети медиуми, бидејќи на сите наши прашања и барања останавме без одговор од Општина Кисела Вода. Повеќе пати досега беа пишувани дописи до општината и наидовме на игнорантен однос. Ниту еднаш не не удостоија со одговор.  Искрено се надеваме дека ова крајно непрофесионално и неодговорно (не)работење на Општина Кисела Вода ќе побуди интерес кај вас, за побрзо да се реши овој проблем“, велат жителите кои се надеваат дека јавното соочувње на општината со нивниот проблем ќе придонесе за негово брзо решавање.

Б. Ј.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ