Битките во Украина не стивнуваат. Според најновите податци кои ги објавија светските медиуми во изминативе 24 часа поради руските гранатирања на украинскиот град Харков убиен е најмалку 21 цивил, а 112 се ранети.
Бидејќи во рушевините кои остануваат од гранатирањата многумина губат сѐ, претседателот на Здружението на Украинците во Северна Македонија, „Лесја Украинка“, Александр Урбанович упати апел за донации за помош на украинското население.
Урбанович порача дека во скопската населба Ѓорче Петров е отворен пункт на собирање на хуманитарна помош кој е отворен секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот.
Од здружението за заштита на животните Анима Мунди, со оглед дека сирените, пукотниците и детонациите ги престрашуваат не само луѓето што бегаат од населените места каде што се водат борби, па тие бегајќи со себе ги земаат и своите миленичиња, а луѓето кои се грижат за животните во шелтерите не ги оставаат, за донации се обратија до љубителите на животните.
Исто така информираат дека до 15 март може да се донираат средства за настрадалното население во Украина. Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош и да се вклучат во апелот што го упати украинскиот Црвен крст на следните начини:
– на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за население во Украина.
– со донирање на 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400.
Донациите на средства во странска валута може да се уплатат на следниот начин:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228.