• Latest

Апостол Симовски, директор на Државнот завод за статистика

June 1, 2018

Златна виза за пропаганда: И Латас се вклучи во дезинформациската кампања против Заев и Филипче

May 14, 2025

24 ЧАСА: ВМРО ДПМНЕ не го поддржа предлогот за помош на жртвите од Кочани; Вестминистерски сојуз за Украина – конкретни чекори за поддршка на Украина; Убиецот од Бит Пазар познат на МВР; британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

May 14, 2025

Вестминистерски сојуз за Украина: Конкретни чекори за зајакнување на поддршката за Украина

May 14, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за БЛАГОДАРНИЦИТЕ на Тошковски

May 14, 2025

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ не го поддржаа предлогот на СДСМ за помош на жртвите од трагедијата во Кочани

May 14, 2025

Нескршливоста на Украинците

May 14, 2025

Истражување: Половина од женските организации кои помагаат на жени во кризни ситуации може да се затворат за шест месеци поради глобални намалувања на помошта

May 14, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери му ја честитаат големата изборна победа на Рама; Косовската претседателка ги покани партиските лидери на консултации

May 14, 2025

ЕБОР ја одобри новата петгодишна стратегија за Северна Македонија

May 14, 2025
Фотомонтажа: Х на Христијан Мицкоски/ скриншот од bi/org

Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Апостол Симовски, директор на Државнот завод за статистика

June 1, 2018 11:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика денеска го одбележува Денот на статистиката и воедно 73 години постоење. Како вие како прв човек на оваа институција го оценувате досегашниот развој?

Државниот завод за статистика фактички е меѓу првите оформени институции во РМ веднаш по Втората светска војна  и овој развој веќе долги 73 години дефинитивно покажува дека и во услови кога дури немаше ни кадар соодветно може да одговори на задачите, бидејќи во суштина кај нас немаше специјално статистичко образование за да може веднаш да има подготвени кадри. Во 1948 година бил спроведен првиот Попис во РМ, три години по формирањето на институцијата, и ова можеби е еден од најдобрите пописи што биле направени воопшто во историјата кај нас.

Сакам ова да го кажам како показател колку овие луѓе кои го почнале овој процес на формирање на институцијата се вложувале себеси во целиот процес. Секако, тоа искуство од тие генерации постојано се пренесувало на следните генерации, па и денеска тоа е процес што се спроведува во оваа институција и тоа е драгоцено искуство што секогаш мора да го користиме, како во нашата конкретна работа, но и како мотив да се постигне нешто повеќе.

Од денешна перспектива, кога ќе ја гледаме оваа институција веќе е оформена со повеќе од 250 вработени. Во последно време се намалува бројот на вработени заради пензионирање на една генерација, а од познати причини не сме во состојба да го зголемиме бројот на вработените. И во вакви околности се трудиме да ги задоволиме сите потреби на државата од податок. Успеваме да ги спроведеме сите статистички истражувања, што денеска изнесуваат над 200. Така што, нашата цел за која што постиме, во суштина да обезбедиме информација и квалитетен податок, мислам дека во целиот ја остваруваме.

За жал, најтешкиот момент за институцијата беше неуспешноста да спроведеме попис во 2011 година и ние ќе си го носиме овој товар и натаму. Меѓутоа, се надевам дека со наредната акција ќе успееме да покажеме дека тоа било само момент на слабост.

Гледано наназад, низ годините во кои постои институцијата, колку се реални и релевантни податоците што излегуваат од тука и дали се тие врз основа на меѓународни стандарди, бидејќи во јавноста многу често сте критикувани за нереалност на податоците?

– И такви сомневања постојат, секогаш постоеле и ќе постојат. Тоа што е важно за секое статистичко истражување е дека по дефинција мора да биде поткрепно со методологија. Методологијата подразбира комплетно процес на прибирање, обработка, анализа… Така што секој чекор од спроведување на скеое статистичко истражување е опфатен со таа методологија. Ниту едно статистичко истражување, ниту еден податок, што е произведен од овие статистички производи, не е паушален. Сите овие методологии се целосно усогласени со методологиите на Еуростарт, односно Европската статистичка служба, што ги дава, ги формулира, правилата на игра во моментов во статистичките служби во цела Европа.

Од тој аспект можеме со сигурност да тврдиме дека произведуваме податок согласно сите стандарди што се предвидени. Она што е главен проблем во квалитетот на статитстичките податоци е квалитетот на инпутот, нешто каде што можеме, но не успеваме целосно да влијаеме. Ако извештајната единица ни даде погрешен податок, ние по некои одредени методи можеме да направиме проверка на квалитетот на податокот, но не можеме во детали да го проверуваме. На крајот мораме да им веруваме на тие што го даваат податокот што најчесто не се само изјави во анкета, туку се податоци што се запишуваат во одредени форми, прашалници… Колку е тој квалитетен, од тоа ќе зависи колкав е квалитетот на статистичкиот податок.

Секогаш има некои техники на проверка што се спроведуваат и секаде  каде имаме било какво сомневање на квалитетот на податокот се обидуваме не само да го корегираме, туку да побараме поточна информација.

Статистиката дури дозволува и метод на корекции, меѓутоа се обидуваме да го избегнуваме. Тоа е последната фаза, во случај кога не може поинаку да се реагира.

Секогаш бараме од изворот на податок да добиеме квалитетен податок. Така што ова е нешто што во целокупниот овој 73-годишен период на постоење на статистика се правело и се прави и ќе се прави понатаму. Денешните методи дозволуваат многу од тоа да се прави проверки, побрзо.

Процесите на обработка на ститистичката операции е техника. Тука ниту можеме да додадеме, ниту можеме да одземеме. Проблемот, велам, секогаш е во нејзиниот податок. Наша голема грижа, навистина е така, овој податок да биде коректен. На крајот на краиштата тие кои се даватели на податоци најчето се и корисници на податоци и тоа е во интерес на сите да добијат квалитетна информација. Ако некој не сака да има квалитетни информации и утре носи некоја деловна одлука врз основа на тие информации што самиот неточно ги дал, самиот ги сноси и последиците.

Не се жалам дека имаме лош импут, но секогаш постои можност, опасност тој импут да не биде квалитетен.

Некому може статистичките податоци што излегуваат да не му се допаѓаат. Тука ние не исполнуваме желба. Нашата обврска е да ја покажеме реалноста, а каква е таа реалност и зошто е таква некој друг треба да ја дообјасни.

Со оглед на тоа што Вашата основна задача е прибирање  обработка за демографски, социјални и економски појави во македонското општство, каква оценка давате за овие области во моментов во земајва?

Јас не би сакал да давам оценка поради тоа што кажав ние ја отсликуваме реалноста, значи ја покажуваме реалноста. За да се даде оценка треба многу поголема анализа да се видат причините зошто одредена појава што статистички ја следиме се наоѓа на такво ниво и како што прикажуваме.

За да се изнализира треба многу поголемо познавање зошто, што, и какви се политики се спроведувале. Тука се врзани многу економски фактори, многу социјални фактори. Така да нашата задача во суштина не е да изнализираме зошто дошло до таква состојба иако и тоа честопати знаеме да го направиме. Меѓутоа за такво нешто навистина треба многу повеќе познавање.

И тоа е она што значи ние го даваме податокот, науката, општествената јавност треба да го анализира или оние кои носат одлуки да направат анализи зошто е таква состојбата, дали ни се допаѓа или не ни се допаѓа. Нашата задача е да дадеме реална фотографија на состојбите.

Со оглед на тоа дека ја давате само реалната фотографија на состојбата, каква е таа во моментов според вашите податоци?

Да ни беше добра состојбата нема да бевме таму каде што се наоѓаме во моментот. Тука може, но не мора секогаш да ги поврзуваме состојбите во општеството.

Дефинитивно, еве сега го објавивме податокот за првото тромесечје од 2018 година каде за првпат во историјата на следење на статистичките пдоатоци во РМ бројот на умрени стана поголем од бројот родени. И тоа е очекувана последица. Населението во РМ старее, тоа е факт. Не старее од денеска, старее 50 години. Значи со таа таканаречена  демографска традиција, што се случи некаде во доцните 60 години, со намалување на бројот на раѓања во РМ, односно со намалување на бројот на деца во семејствата, веќе интензивно почна да се намалува бројот на раѓања. Со самото тоа сега оној подмладок, стеблото на пирамидата , демографски почна да се намалува, а да се проширува во оние делови каде се ноаѓа повозрасното население. Тој е тој процес што трае веќе 50 години. Населението во РМ дефинитивно старее и тоа придонесува оваа бројка да се зголемува.

Втор фактор што уште поинтензивно делува на ваквите состојби е миграцијата. За жал, РМ е миграциско подрачје и не од денес, од вчера, туку веќе со векови можеме да кажеме луѓето од тука бараат некаков економски интерес надвор од државата. Тоа не престанува и денеска. Напротив, за жал, се интензивира и она што е уште пострашно оди најквалитетната популација од државата.

 

Младите секогаш биле тие кои заминувале од државата. Сега си оди онаа најобразованата, најписмената, меѓутоа од демографски аспект гледано таа популација е таа која треба да го создава тој демографски потенцијал. Значи, имаме двојно дејство. Прво директно загуба на жива сила, грубо кажано на популација, а второ имаме и директно влијание врз наталитетот, бидејќи популацијата која треба наталитетот да го гради веќе ја нема.

Така што, состојбите дефинитивно ни се далеку од добри, а начинот да се решаваат овие состојби е исклучително тежок, бидејќи буквално зависи од секоја сфера во животот. Ниту една спроведена демографска политика не дала такви резултати, заради тоа што била еднострана.

Состојбите во економијата се тие кои ги знаеме. Желбите се едно, можностите друго. Сите сакаме да имаме побрз развој, меѓутоа ние мораме да ги прикажеме такви какви што се. И тука многу фактори влијаат за оние кои носат деловни одлуки, оние кои носат политики итн. Треба добро да се замисли зошто е таква состојбата и да се преземат мерки.

Она што го гледаме денес навистина се прават обиди, некогаш биле погрешни, некогаш можеби подобри да се надминат овие состојби, се надевам дека ќе се надминат. Можеби евентуалното влегување во овие меѓународни сојузи ќе ни даде поголеми шанси, дефинитивно ќе ни даде поголеми шанси. Меѓутоа наша обврска е да ја дадеме реалната состојба, не да влијаеме на нес.

Да „шминкаме“ состојби не би сакал да помислам заради тоа што секогаш се враќа тоа. Можете еден месец, два, три да покриете, да направите, после три месеци ќе се види проблемот. Е тогаш настануваат уште поголеми проблеми.

Како правите проценки и произведувате податоци во отсуство на еден од најважните податоци за бројот на население и без спроведен попис долги години?

-Податоците се прават врз основа на административните податоци и, за жал, еве јас во старт можам со сигурност да кажам дека не се плашам. Тоа сум го кажал и истакнал повеќе пати, токму поради тоа што се од административни податоци.

Значи, по последниот попис врз основа на тоа се додаваат родените лица, се одземаат умрените лица, тоа се малку посложени операции и се одземаат иселените лица, се додаваат доселените. Проблемот е во тоа што административните податоци не го обезбедуваат податокот за иселените лица од РМ. Имено, иако постои закон што мора да се одјави живеалиштето во таков случај, никој тоа не го прави и тој податок ни недостасува и тоа е навистина голема болка.

Сега ние покажуваме дека во моментот треба да има некаде околу 2.070.000 лица, сите знаеме дека такво нешто не е можно. Меѓутоа, тоа е она што, и ова го напоменуваме, дека ова е правено и секој корисник да ја има таа резерва дека врз основа на административни извори на податоци.

Една од најзначајните операции што ги спроведувате како институција е пописот на населението. Имаше еден неуспешен обид во 2011, а нов попис е најавен за 2020 година. Дали веќе се подготвувате за пописот во 2020 и дали е познато кога ќе се спроведена терен?

Бидејќи одбележуваме 73 години од постоењето на Државна статистика во РМ со големо жалење можам да констатирам дека она по што бевме можеби и најпознати во државата – спроведување на попис, ние во 2011 година не успеавме да го направиме. Сеедно кои биле причините и какви биле причините, овој срам ќе си го носиме уште долго време. Се надевам дека со спроведување на новиот попис ќе успееме да докажеме дека, сепак, сме кадарна институција да направиме едно вакво статистичко истражување и дека најмалку до нас била причината за неспроведување на пописот, иако како институција имаме голема заслуга за тоа што не се спровел. Таа вина мораме да си ја признаеме. Таа вина беше поради тоа што дозволивме или ги отворивме ширум портите за влегување на политиката во пописот. Тоа е нешто што не смееме да си го дозволиме, барем додека сум јас тука тврдам дека тоа нема да се случи. Може ќе има обиди секакви, меѓутоа ќе истраеме да такво нешто не дозволиме, туку да биде тоа што треба да биде – статистичка операција и ништо повеќе.

Пописот се планира да биде спроведен во 2020 година во оној класичен период од 1 април со критичен момент помеѓу 31 март и 1 април. Сега, за разлика од претходните пописи, ќе се спроведува нов метод т.н. комбиниран метод што подразбира истовремено и попишување на терен, меѓутоа и користење на податоци од регистри.

Значи, за оние белези за коишто постои податок за кое било лице во РМ во одредени рубрики на податоци што ги има во нашите институции ќе го преземеме од таму тој податок, бидејќи тој е проверен и нема потреба да ги замараме нашите граѓани со поставување на истите тие прашања за кои имаме одговори. Со тоа би се скратило и времето на попишување, меѓутоа ќе се добие многу повеќе на квалитет на податокот.

Втора новина што ја воведуваме е повеќе да не користиме хартиени прашалници, туку да се спроведе пописот со користење на лап-топ. Ова ќе ни овозможи директно онлајн логичка контрола. Тоа значи да не може да се внесат погрешни одговори. Значи и да се внесе погрешен одговор, компјутерот ќе ја лоцира грешката и попишувачот ќе може да го пренесе вистинскиот одговор. Важно е што на овој начин за многу кратко време ќе можеме да добиеме конечни податоци. Наместо да чекаме година и пол до две години, како што беше случај во досегашната пракса, ние очекуваме за неколку месеци да ги имаме конечните податоци, а времето денеска е можеби најважниот фактор – нема цена, особено ваков тип на податоци.

Планираме на терен да се спроведуваат активностите 21 ден, да бидат три недели. Ова ќе ни овозможи да го намалиме бројот на учесници бидејќи во случајот нас ни треба поинаков тип на попишувачи, луѓе кои знаат да користат техника, така што сакаме да го продолжиме малку времето на попишување, а на сметка на тоа да имаме помал број попишувачи.

Она што сега сакам да го истакнам во однос на пописот, а по мене беше главната причина за неуспех на претходниот попис, е носењето на Законот за попис, според кој, пописот требаше да го спроведе т.н. Државна пописна комисија која е тело избрано од Владата и што значи, во старт е политичко тело. Затоа велам, ние ја отворивме ширум портата да влезе политиката.

Овој закон беше во спротивност со Законот за државна статистика што е појак закон од Законот за попис, бидејќи е мајка закон на тој закон. Во Законот за државна статистика се вели дека статистичко истражување од кој било тип, а пописот е најголемо статистичко истражување и може да се спроведе од овластени статистички институции, значи никакво политичко или специјално тело формирано од политички субјекти.

Владата, се разбира, се уште е политички субјект, и таа има друга функција. Меѓутоа, е тело што го формира одреден или одредени политички субјекти. Така што ова нема да го дозволиме со новиот закон. Тој треба да се донесе до крајот на оваа година – Законот за статистика и ДЗС ќе биде институцијата што ќе го спроведува пописот и никој друг.

Ние ќе ангажираме учесници, меѓутоа ние одговараме за нивниот ангажман и за тоа што ќе го работат. И тие секако нема да бидат некакви си политички субјекти, туку ќе бидат попишувачи, а тоа се лица кои треба да бидат од локалното население и најдобро е да бидат од локалното население.

Велите ќе се спроведе комбиниран попис. Дали податоците што ќе се влечат од институции ќе бидат само за лица што во моментот се наоѓаат во РМ?

Ние ќе ги попишуваме сите лица и оние кои се присутни и оние кои се отсутни, односно се надвор од земјата. Дефинирањето на категоријата внатре во бројот на попишани лица ќе биде исклучиво по стандардите што ги препорачуваат ОН. Значи, тоа се стандарди што важат насекаде во светот. Секоја земја мора да ги почитува и ги почитува. Така што, и ние ќе мораме да ги почитуваме и ќе ги почитуваме тие стандарди.

Нас ни требаат информации да знаеме и кој е надвор и колку време е надвор. Тоа ќе биде категорија на население која нема да влегува во таа категорија каде се брои вкупното население. Ќе има многу различни категории. Се е тоа дефинирано со овие препораки и таму има различни типови на категории. Секоја категорија на население за која што ние ќе обезбедиме податоци, а тоа ќе го објавиме, ќе биде согласно дефинирањето т.е. стандардот и тука нема мрдање за никого.

Колку попишувачи ќе бидат ангажирани и колку ќе чини пописот во 2020 година?

Планираме да се спроведе со 5.000 попишувачи а се проценува дека,  заедно со купувањето на опремата, ќе чини околу 8,5 милиони евра.

Сузи Котева Стоименова

Фото: Ивана Батев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Апостол СимовскидиректорДржавнот завод за статистика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ