• Latest

Апостолска: Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи

September 11, 2018

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Апостолска: Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи

September 11, 2018 11:45
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска оствари работна посета на Општина Охрид, каде имаше средба со градоначалникот Јован Стојаноски и ги посети компаниите „Митротек“ од Охрид и „Линди“ од Кичево, со кои во име на Владата на Република Македонија има потпишано Договори за финансиска поддршка по прв и втор столб од Планот за економски раст, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

На средбата, како што соопштуваат од нејзиниот Кабинет, со градоначалникот Стојаноски, министерката Апостолска беше информирана за економските развојни планови на општината, за капацитетите за гринфилд и браунфилд инвестици, за неколку развојни проекти кои би можеле да се реализираат со помош на Владата на Република Македонија. Од страна на министерката и градоначалникот заеднички беше оценето дека членството во НАТО и ЕУ гарантира раст на македонската економија и отвора перспективи за поголема конкурентност на локалните претпријатија преку зголемени вложувања во нови проекти, во градење на деловни релации со успешни странски компании.

– Триеста дваесет и седумте милиони евра странски директни инвестиции во првото полугодие од годинава и растот на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал значи дека македонската економија расте и се стабилизира на долг рок, што за компаниите значи стимулативни услови за пораст на интересот за реализација на нови инвестиции, истакна министерката Апостолска на средбата со градоначалникот Стојаноски.

Таа ја посети компанијата „Митротек“ од Охрид, при што на средбата со менаџментот истакна дека преку Планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите државата првпат определува стимулативни буџетски средства за домашните компании, со што се изедначува нивниот третман со странските.  При посетата на компанијата министерката Апостолска беше запозната со процесот на производство на метални и пластични производи, кои се користат како суровински материјал во повеќе индустрии, како и со плановите за реализација на нови инвестиции и освојување нови пазари во Европа.

При посетата на компанијата „Линди“ во Кичево, од страна на министерката Апостолска беше истакнато дека целта на владините економски политки не е само поттикнување на епизодни, еднокранти, инвестиции од страна на компаниите, туку стимулирање на реализација на долгорочни, односно повеќегодишни развојни инвестициски проекти. Проширувањето на бизнисот со прехрамбени производи преку инвестирање во нови производствени линии и усвојување нови современи технологии беше истакнато како приоритет од страна на менаџментот на компанијата, за што очекуваат и понатамошна директна поддршка од владините политики за стимулирање на инвестициите.

– Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи, Македонија ќе влезе во најголемата светска економија која учествува со 23,8 отсто од светскиот БДП. Ова е една од најголемите развојни перспективи кои се отвораат за домашните компании, рече министерката Апостолска при посетата на компаниите „Митротек“ и „Линди“. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ