• Latest

Арачиново без вода, локалната власт на одмор?

July 4, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арачиново без вода, локалната власт на одмор?

July 4, 2017 13:21
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 500 домаќинства во селото Арачиново маки мачат за да обезбедат вода за пиење! Во овие пеколни горештини, во селото има само една чешма од каде тече здравствено-исправна вода за пиење. Малите деца во колони чекаат во ред, полнат вода во шишиња и пластични садови, па ги носат во своите домови. Целата енергија на жителите е насочена кон обезбедување вода, со цел да ја зачуваат хигиената во домот.

„Копаме бунари, немаме избор. Како поинаку да ја одржуваме хигиената во куќите, лето е, ние живееме во село. И овој проблем не е од вчера, трае со години, но освен ветувања, решение нема“, реагираат жителите.

Оние кои се во можност, копаат бунари, но има и такви, кои од разни причини не можат да ископаат бунар во дворот, па полнат вода од кај соседите. Има жители коишто направиле и домашни резервоари во вода, што им е потребна за домаќинството, но која што сепак, не може да се користи за пиење.

За овој акутен проблем побаравме одговор од Општина Арачиново.

„И градоначалникот и директорот на комуналното претпријатие се на терен и нема да се вратат на работа. Никој нема во Општината, сите се на одмор, ќе се вратат по една недела!“, изјави вработен во Општината.

Дали навистина локалната власта на Општина Арачиново летува, додека жителите на истоименото село маки мачат за да се справат со проблемите? Или, ова е еден од начините на локалната власт за комуникација со медиумите, со цел – да се избегне конкретен одговор за причините за со години нерешениот проблем?

Ова е прашање за анализа. Како и да е, мештаните велат дека се ближат локалните избори и дека на избори, ќе го искажат своето задоволство од работата на досегашната локална гарнитура.

М. Т. 

Tags: Арачинововодоснабдувањелокална властнедостиг од вода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ