Во касарната „Илинден“, по повод 8 Септмври – Денот на независноста, утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба.
„Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 7-ми септември 2025 година (недела), со почеток во 18.00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на 1 плотун од 6 артилериски орудија и со почеток во 19:00 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија“, соопштија од генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.
Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември.