• Latest

Армијата во борба со огнената стихија: Како и врз кој основ дејствуваат војниците во справување со пожарите?

August 5, 2021

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Армијата во борба со огнената стихија: Како и врз кој основ дејствуваат војниците во справување со пожарите?

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и денеска се ангажирани во гаснење на пожарите на повеќе локации низ земјава, меѓу кои и најризичните реони на Делчево, Пехчево и Старо Нагоричане, а од денес и во Прилепско, каде се разгореа нови пожари. Од Илинден, Армијата се вклучи во гаснење и справување со последиците, ангажирајќи дел од составот во асистенција и помош на локалната самоуправа и институциите.

August 5, 2021 14:55
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Припадниците на Армијата на Република Северна Македонија и денеска се ангажирани во гаснење на пожарите на повеќе локации низ земјава, меѓу кои и најризичните реони на Пехчево и Делчево и Старо Нагоричане, а од денес и во Прилепско, каде се разгореа нови пожари. Од Илинден, Армијата се вклучи во гаснење и справување со последиците, ангажирајќи дел од составот во асистенција и помош на локалната самоуправа и институциите.

Дејствувањето на Армијата во оваа состојба е направено врз основа на Наредбата од претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на Армијата, Стево Пендаровски, за употреба на нејзините сили во случај на елементарни непогоди за поддршка на локалните самоуправи и институциите, кога тие не се во можност самостојно да се справат со нив, или имаат потреба од неопходна помош, информираат од Министерството за одбрана.

Како што објаснуваат од Министерството, согласно оваа наредба, Генералштабот на Армијата, во координација со МО, базирајќи се на побарувањата од институциите, извршил планирање на соодветни сили и средства како и процедури за ангажирање на дел од Армијата во мирновременски услови кога не е прогласена кризна, вонредна и воена состојба, по што нејзините припадници во најкраток можен рок беа распоредени соодветни сили на локациите каде беше најкритично.

Припадниците на Армијата што се ангажирани на терен во справување со пожарите се добро обучени за вакви ситуации, бидејќи поминале соодветна противпожарна обука. Имено, тие, согласно Плановите за обука во Армијата, еднаш годишно напролет имаат противпожарна обука, во која, покрај самостојната обука, е вклучена и заедничка обука со територијалните противпожарни единици на локалните самоуправи каде се наоѓаат гарнизоните на Армијата.

Армијата располага со одредена количина на опрема за ПП заштита и средства за гасење на пожари за составите одредени како противпожарни одделенија во гарнизоните, а при поддршка на институциите, се потпира на нивна поддршка во обезбедување на соодветна опрема.

Притоа, за секој ангажман на Армијата, без оглед дали се работи за вежбовна или за друга активност, се планира и организира соодветна логистичка и медицинска поддршка, која и во овој случај со пожарите низ земјава, е планирана за секоја локација каде се ангажирани нејзините припадници, информираат за ЦИВИЛ Медиа од Министерството.

Воедно, сите припадници на Армијата и вработените во МО се осигурани во текот на 24 часа, согласно Договорот за колективно осигурување, усогласен Законот за Служба во Армијата. Во Договорот, предвидено е и осигурување за несреќни случаи, во кои, покрај останатото, се наведува дека тие се осигурени и од „изгореници со оган или електрицитет,со жежок предмет, течност или пареа, како и вдишување на гасови или отровна пареа“.

Како што информираат од Министерството за одбрана, АРСМ, согласно својата мисија и задачи, останува максимално подготвена за извршување на уставната обврска за штитење од секаков облик на безбедносно нарушување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, вклучувајќи го и секогаш и ангажирањето во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди, каков што е последниот со појавата на пожарите на повеќе локации на територијата на земјава.

„Во конкретниот случај за вклучување во асистенција и испомош при гасење на пожарите, од страна на Армијата се одговори на најбрз и најсоодветен начин со вклучување на сили и средства во гасењето на пожарите. Дејствувавме со хеликоптерите кои се опремени со ведра за гасење на пожари и пред вклучувањето на армиски припадници за гасење на терен. Имено, при разгорувањето на пожарот во Кочани, од ЦУК, по чија проценка и барање се ангажираат силите на Армијата, бевме известени во вечерните часови, при што е отпочнат процесот на донесување на наредбата за ангажирање (на ден 02.08.2021 година) на дел од составите. Претходно, хеликоптер на Армијата учествуваше неколку часови во гасењето на пожарот во реонот на Старо Нагоричане кои со педесетина тони вода помогнаа во локализирање на пожарот, кој се закануваше да зафати дел од живеалиштата во блиските села“, велат од МО.

Веднаш по интензивирањето на пожарите на 2 август, од раните утрински часови, согласно наредбата, хеликоптерите постојано биле ангажирани на локациите на пожарите кај Кочани и Старо Нагоричане, согласно побарувањата и координацијата со ЦУК, кој е надлежен за координација на активностите, информираат од Министерството.

Армиски хеликоптер во акција

Оттаму, уште еднаш нагласуваат дека хеликоптерите МИ-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ ги користат своите ресурси во согласност со техничките карактеристики на леталата и безбедносните прописи и процедури кои важат за летачкиот персонал.

„Не постои техничка можност за гасење пожари во ноќни услови и тоа не е случај никаде во светот, од причина што техничките уреди кои се користат оневозможуваат ноќно гасење на пожар во близина на појака светлина како што е пожар, бидејќи истите, поради многукратното зголемување на светлината во ноќни услови, оневозможуваат приближување до изворот на светлина, односно не постои прегледност на конфигурацијата на теренот“, потенцираат од Министерството.  

Согласно техничките можности и стриктните летачки безбедносни процедури, овој вид летала имаат точно утврдено временско ограничување за лет во екстремни услови и високи температури поради што се лета само во одреден временски интервал и во услови кои го дозволуваат тоа.

Инаку, Владата денес донесе одлука за прогласување кризна состојба, која ќе биде во траење од 30 дена.  Што значи тоа? Во Законот за управување со кризи, таа е дефинирана како состојба предизвикана од ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Одлуката за нејзино прогласување не може да трае подолго од 30 дена.

Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите на државната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување. Предлог до Владата за потребата за учество на дел од Армијата, согласно со Стратегискиот одбранбен преглед дава Управувачкиот комитет. Претседателот во секое време може да ја преоцени потребата од учество на делот од Армијата. Начинот на учество на дел од Армијата во кризна состојба се уредува со пропис кој го донесува претседателот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ